Тага во домот на Анастасија и Немања Гудељ: Го загубија бебето- наследничката на Цеца скршена од болка
Тажната вест ја сподели Немања...
Анастасија Ражнатовиќ е скршена од болка отакко во четвртиот месец од бременоста го загуби бебето, а тажната вест на социјалната мрежа Инстаграм ја соопшти нејзиното момче Немања Гудељ.
Пред неколку недели парот ја објави радосната вест дека Анастасија е бремена, но за жал, бременоста беше прекината.
Како што наведе славниот фудбалер во објава на Инстаграм, „ова е болен момент“ за нив и додаде дека нивната „љубовта ќе победи“.
„Споделивме добра вест со вас и вие бевте со нас со целото срце, честитки и пораки. Ви благодариме за тоа. За жал, сега имаме лоши вести, но знаеме дека ќе ја имаме вашата поддршка и разбирање што не сакаме да зборуваме за тоа.На наше големо жалење јас и Анастасија го загубивме нашето бебе.Ова е болен момент за нас, но нашата љубов и ова ќе го надмине“, напиша Гудељ на својот Инстаграм профил.