Тагата не минува – синот на Џорлев со емотивни зборови се потсети на пoчинaтиот татко: „Една година како еден век… Те сакам, ми фалиш!“
Наврши една година од згаснувањето на животот на единствениот маестро на виолина во земјава, но болката кај неговите најблиски никако да стивне.
Виртуозот на виолина, Зоран Џорлев пo-чинa на 1 јануари минатата година, на Клиниката за инфективни и фебрилни болести, како последица од короновирусот.
Џорлев беше еден од најпознатите и најуспешните виолинисти на македонската јавна сцена, почитуван од сите свои колеги.
Роден во Струмица на 10 јануари 1967 година, каде го поминал детството.
Во 1989 дипломирал виолина на Факултетот за музичка уметност. Познат е по обработките и изведувањето на македонските народни и забавни композиции, обработки на филмски, џез, етно теми. Работел како професор по виолина, и бил директор на ДМБУЦ Илија Николовски Луј во Скопје.
Како што беше известена јаавноста, неговата состојба била стабилна, но oткако се откачил тромб тој ја изгубил битката со виpyсот. Зад себе ги остави сопругата Офелија и синовите Наско и Мартин.
Неговиот внук, Огнен Здравковски, кој сите го знаеме од учеството на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“ во емисијата „Бекстејџ“ откри дека веста за cмpтта на виолинистот прва ја дознала неговата вујна, сопругата на Џорлев, а потоа целото семејство.
„Ние живееме сите заедно, неговото семејство и моето семејство во иста куќа. Се лекуваше на инфективна клиника во Скопје и лекувањето беше стабилно.
Немаше некои компликации. И последниот ден, последниот час се случи тоа што не требаше да се случи, се откачи тромб и не успеа да се избори со оваа проклета болест. Ете ќе кажам тоа било Божја волја, така требало да биде.
Како велат – добрите луѓе му требаат на Бога, а ете тој прерарно му требал. Сега ќе им свири на ангелите, ќе не чува од горе“, кажа Огнен.
Неговите синови љубовта кон музиката и талентот ги имаат наследено од својот татко.
Многу планирани проекти кои требало заедно да ги изреализираат, останаа незапочнати.
Наско Џорлев понекогаш знае и да посвети емотивен статус за својот татко со кој ќе ја изрази сета своја болка.
По повод годишнината, тој сподели досега невидени фотографии од виртуозот на виолина.
„Една година како еден век, а тој век минута.
Те сакам, ми фалиш”, стои во описот на фотографиите.
ФОТО: Фејсбук / Наско Џорлев
ФОТО: Фејсбук / Наско Џорлев
ФОТО: Фејсбук / Наско Џорлев
ФОТО: Фејсбук / Наско Џорлев
ФОТО: Фејсбук / Наско Џорлев
ФОТО: Фејсбук / Наско Џорлев
ФОТО: Фејсбук / Наско Џорлев
ФОТО: Фејсбук / Наско Џорлев
ФОТО: Фејсбук / Наско Џорлев
ФОТО: Фејсбук / Наско Џорлев
ФОТО: Фејсбук / Наско Џорлев
ФОТО: Фејсбук / Наско Џорлев
ФОТО: Фејсбук / Наско Џорлев