Тагата е сѐ ПОГОЛЕМА: Македонската водителка со емотивна порака за важна личност во нејзиниот живот

Македонската водителка се потсети на важна личност во нејзиниот живот, која повеќе не е меѓу нас, а премногу ѝ недостасува.

Живкица Каленикова е една од најдобрите македонски водителки и која долги години успешно се држи на врвот во својата професија.
Тоа се должи на неверојатниот талент, но и напорна работа и надоградување на себеси.
Својата кариера ја започна на Македонската радио телевизијa уште како многу млада.

Во текот на годините беше дел од различни проекти на различни телевизии, но сепак повторно се врати во својата матична куќа и во моментов нејзината емисија е една од најгледаните во земјава.
Иако полека гази во петтата деценија од својот живот, Живкица може да се пофали со младешки изглед и витка линија на која ѝ завидуваат и помладите.

Со оглед на нејзината витка линија ретко кој би рекол дека е мајка на три деца.
Активна е на социјалните мрежи, каде најчесто споделува фотографии од приватниот живот и нејзиното семејство.
Може да се забележи дека е посветена и грижлива мајка и сопруга, која буквално секој момент го користи да го помине со семејството.

Нејзините деца се извонредно воспитани, а таа им е најголема поддршка во сѐ што прават. Најмногу ги бодри во практикувањето на спортски активности.
Пливање или скијање, трчање или велоспедизам, нејзините три деца учествуваат во разни спортски активности, а нивната мајка им е најголем поддржувач.
Оваа година македонската водителка доживеа голема тpaгeдиja. Таа ја загуби својата мајка и токму таа загуба многу тешко ја прифати.

На своите социјални мрежи понекогаш знае да сподели и емотивни објави посветени на нејзината мајка.
Не пропушти ниту по повод роденденот на мајка си да сподели нејзина фотографија, а во опис да напише емотивна порака.
„Денес е твојот ден. Те сакам мама. Ми недостигаш”, напиша водителката.
ФОТО: Инстаграм / Живкица Каленикова
ФОТО: Инстаграм / Живкица Каленикова
ФОТО: Инстаграм / Живкица Каленикова
ФОТО: Инстаграм / Живкица Каленикова
ФОТО: Инстаграм / Живкица Каленикова
ФОТО: Инстаграм / Живкица Каленикова
ФОТО: Инстаграм / Живкица Каленикова
ФОТО: Инстаграм / Живкица Каленикова
ФОТО: Инстаграм / Живкица Каленикова
ФОТО: Инстаграм / Живкица Каленикова
ФОТО: Инстаграм / Живкица Каленикова
ФОТО: Инстаграм / Живкица Каленикова
ФОТО: Инстаграм / Живкица Каленикова