Реклама
LIFESTYLEВирално

Таа помисли дека најдоа богатство: Момче од Србија ја запросило девојката на најоригинален начин

Реклама

Секој ангажман е романтичен по дифолт, но колку оригинален може да биде?

Фото: Инстаграм

Маркетинг

Едно момче од Сремска Митровица кое е 3Д уметник по професија сакаше да и приред на својата девојка Милица изненадување. Сето тоа се одвиваше на нивната омилена плажа во Лефкада. Како и во секоја бајка со среќен крај, девојката рече ДА.

“Ние сме заедно околу 3 години. Обожавам да правам изнендувања на шеговит начин, па така знам дека мојата девојка сака роматика јас морав овој момент да го направам забавен. Почнав да барам мало кутивче кое ќе личи дека потекнува од минатиот век. Откако го најдов решив да го наполнам со школки, ситни монети и часовеник кој го нарачав од Аликспрес во кој го сокрив прстенот, раскажува Дамјан.

Маркетинг

Целата идеја имла помош од сестрата и своите пријатели.Ставив фотографија на која нашите лица ќе бидат фотошопирани на брачен пар од почетокот на 20 век. Реакцијата на тоа најмногу ја исчекував. Таа мислеше дека е една од моите шеги кога сфати дека сме ние на сликата.Кога сè беше подготвено, пријателите со кои патувавме добија задача ковчежето добро да го скријат и кога ќе дојде време да направиме диверзија.

Ги пративме Милица и Јелена по пиво, Коста ми ја додаде кутијата и јас со неа влегов во водата.Кога дојде време испливав глумејќи неверување, носејќи го стариот ковчег со ланецот и со катанецот и требаше да најдам начин да го отвориме.

Го скинав ланецот, почнавме да гледаме внатре, а најголемо внимание ѝ предизвика завитканото хартивче, за кое помисли дека е некоја мапа или порака. Кога виде дека тоа сме ние почна да се смее, а јас во рака го држев џепниот часовник велејќи и: Такво богатство кога ќе најдеш, мораш засекогаш да го чуваш. Сакаш ли да се омажиш со мене? Го отворив и внатре беше прстенот.

Поврзано

Back to top button