Реклама
LIFESTYLEВирално

Таа одби да донира пари за лекување на бебе кое има рак, а причината е навистина одвратна

Реклама

Откако започнаа кампања за собирање донации за лекување на нивната 18-месечна ќерка, која страдаше од рак, Тифани и Алфри Шафер од Охајо, беа изненадени со пораката што ја добија од една жена што сакаше да донира пари.

Таа им напишала дека сака да донира пари за лекувањето, но се откажала кога сфатила дека родителите на бебето биле лезбејки.

Маркетинг

Јас се молам за Кали, сакав да донирам 7600 долари, но дознав дека нејзините родители се лезбијки. Наместо тоа, решив да ги донирам моите пари во болницата. Жал ми е. Сé уште се молам за неа, но можеби тоа е само начинот на кој Бог кажува дека малата Кали треба да има мајка и татко, а не две мајки “, пишува жената во својата порака.

https://www.facebook.com/calliestrong2019/photos/a.340388326550005/377686946153476/?type=3&theater

Маркетинг

 

Малата Кали инаку страда од невробластоми, рак што се јавува во надбубрежната жлезда и заради тоа помина добар дел од својот краток живот во болницата во која прима хемотерапија. Донациите ги започна семеен пријател за да им ги олесни финансиските проблеми.

„Ова е многу болна девојка чиј живот е во опасност”, вели тој и додава дека е одвратно тоа што некој им испрати таква порака. „Ако мислите така, задржете ги за себе. Кали мора да има љубов и поддршка, а не омраза “, беше одговор на семејството. Но на крај се покажа дека оваа порака на некој начин и помогна на девојката , бидејќи по објавувањето во медиумите, таа го привлече вниманието на луѓето кои донираа пари, пишуваат странските медиуми.

https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10156540635541117&set=a.177889076116&type=3&theater

Кали беше на операцијата минатата недела, а лекарите велат дека 90 проценти  од туморот бил отстранет.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button