Реклама
Холивуд

Таа ни самата не знае колку пластични операции направила, а заради одржување на убавината спиеше во фрижидер (фото)

Реклама

Контроверзната Донатела Версаче заплови во светот на пластичните операции во 90-тите години и, покрај модата, таа е најпозната во медиумите и како жена која направила голем број корекции на своето лице.

Фото: Инстаграм/ Донатела Версаче

Шефицата на модната империја, Донатела Версаче, е претерано загрижена за својот изглед, а нејзините интервенции го шокираа целиот свет.

Донатела порасна во Калабрија во јужна Италија со нејзиниот татко, мајка кројачка, постарите браќа Џани и Санта, како и постарата сестра Тина која го изгуби животот на 12 години од инфекција со тетанус.

Маркетинг

Кога имала 11 години, дизајнерот ја убедил Донатела да ја обои косата во платинесто сина боја што е нејзин заштитен знак и ден-денес. Таа му беше муза на Џани од своја 19 годишна возраст, а тој и го посвети својот парфем „Блонди“ што го лансираше во 1995 година.

Донатела започна со пластичните операции во 90-тите години и, покрај модата, таа е позната во медиумите токму и по големиот број пластични операции што ги има направено досега. Таа вели дека редовно оди на третмани со ботокс затоа што не ги поднесува своите брчки. Таа додаде дека, освен лицето, целото тело и е природно.

Маркетинг
Фото: Профимедија

За да го задржи својот младешки изглед, во 2012 година изјави дека секоја вечер спие во замрзнувач. Таа не објасни како се заштитува од студот, но изјави дека се плаши од стареењето. Иако ја сака естетската хирургија, нејзиното лице е деформирано од толку многу зафати. На нејзиното тенко тело, стрчат само вметнатите силикони во градите.

Фото: Профимедија

.„Јас се грижам за мојот изглед затоа што секогаш сакам да изгледам пожелно“, рече Донатела во една пригода.

Таа повеќе пати има изјавено дека многу го сака затемнетиот тен, па затоа и никогаш не го избегнува сонцето, иако од преголема изложеност, нејзината кожа изгледа потемната, но и поприлично збрчкано и остарено.

Некогаш и сега

Инаку, наследничката на модната империја е мајка на две деца и гази во седмата деценија од животот.

Донатела и Мадона во 1998 година (Фото: Инстаграм, Донатела Версаче)

Имено, Донатела Версаче (65) и мајка на две деца веќе повеќе од 40 години е на самиот врв во светот на модата. Таа од своите тинејџерски години со браќата работи во семејната империја, но тогаш изгледаше потполно природно – со долга руса коса која и денес е нејзиниот заштитен знак.

Фото: Инстаграм/ Донатела Версаче

Па и 20 години подоцна, и по раѓањето на ќерката Алегра и синот Даниел, Донатела успешно им одолеваше на пластичните операции. Но штом зачекори во четвртата деценија од својот живот, најпрво започна со ботокс, за да веќе во 2011 нејзиното лице стане потполно непрепознатливо.

Фото: Инстаграм/ Донатела Версаче

Таа повеќе пати има истакнато дека не верува дека жена може природно да остари и да биде убава. Па погледнете го резултатот од нејзината „неприродна“ убавина и кажете ни дали ви се допаѓа нејзиниот изглед?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button