Реклама
Наши ѕвезди

Таа му е најголема потпора во животот – Миле Кузмановски и по ГОЛЕМАТА TPAГЕДИЈА успеа да ја пронајде среќата

Реклама

Македонскиот крал без круна, фолк-пејачот Миле Кузманоски е еден од најпознатите и најбараните пејачи на македонската естрада. Пејачот чии песни се знаат наизуст.

Невозможно е да се замисли ниту една прослава без неговите хитови.

„Крал без круна“, „Не кани ме“, „Роман“ се песните кои ги креваат на нозе сите фанови на неговата музика.

Маркетинг
ФОТО: Миле Кузмановски / Фејсбук
ФОТО: Миле Кузмановски / Фејсбук

Неговиот живот го одбележа и голeмата трaгедија која му се случи. Имено, во 2012 сопругата на Миле Кузмановски по тешко боледување пoчина од paк, а пејачот остана сам со двете ќерки близначки Јана и Ана, кои сега имаат 18 години.

Тие се ученички во средното медицинско училиште, а како што вели нивниот татко не сакаат да ја слушаат неговата музика.

Маркетинг
ФОТО: Миле Кузмановски / Фејсбук
ФОТО: Миле Кузмановски / Фејсбук

Тој во естрадниот магазин „Бекстејџ“ откри како успеал да се справи со тешкиот период и како добил сила да продолжи понатаму.

-Нормално е еден период да те фати онаква криза затоа што некако се тоа го поднесов на нога, тој период го поминував заедно со сопругата Верче и еден период реков дека ќе направам пауза од песната, од мојата работа. Но, кога ќе сфатиш дека мораш да живееш понатаму, да заработиш и да донесеш дома, а веќе си дошол на едно ниво каде тешко се стасува, а уште потешко се одржува, ќе беше жално да го оставам микрофонот“ кажа Кузмановски за Бекстејџ и додаде:

-Моите соработници направија песни. Некако продолжив да пеам, откри пејачот кој песната „Роман“ и албумот „Крал без круна“ ја посвети на неговата прва сопруга.

По пет години од загубата на првата сопруга, среќата повторно му се насмевна на пејачот.
Тој се ожени со сегашната сопруга Јасмина која работи во Црвен крст, а со која ја имаат 3-годишната ќерка Ева.

ФОТО: Јасмина Кузмановска / Фејсбук
ФОТО: Јасмина Кузмановска / Фејсбук

За сегашната сопруга секогаш зборува со многу љубов.

Инаку Јасмина била студент со многу висок просек. Има работено во УНДП, во Министерство за земјоделие, го има основано СОС детското село, каде била директорка долги години. Потоа имала и организација која ги штитела правата на децата за време на бегалската криза. Пејачот за неа вели дека е добар педагог, знае со децата, затоа што долги години работела со деца.

ФОТО: Јасмина Кузмановска / Фејсбук
ФОТО: Јасмина Кузмановска / Фејсбук

Тој во изјави за медиумите на шега откри дека со 4 жени дома е вистинско лудило.

-Ххахах може само да се замисли како ми е со четири жени. Јас сум тука само за да им ги исполнувам желбите. Но, навистина сум среќен што дома повторно има среќа. Јасмина се однесува со нив како да ги родила… После пет години од семејната трагедија се оженив со Јасмина и тоа се оженив со дозвола од Ана и Јана.

Кога им соопштив дека планирам да се оженам повторно, немаше никаков проблем. Се се одвиваше многу внимателно, без да биде некој повреден. Кога се наместија коцките, тогаш решивме. И еве после толку време се гледа дека е направен вистинскиот избор, за сите нас, кажа пејачот во интервју за „7дена“.

ФОТО: Јасмина Кузмановска / Фејсбук
ФОТО: Јасмина Кузмановска / Фејсбук

Вели дека Ана, Јана и Ева се сакаат премногу и ги решаваат сите проблеми и предизвици како вистински другарки. За односот помеѓу близначките и сопругата Јасмина, пејачот вели дека е одличен и дека е среќен што во нивниот дом владее хармонија. Убаво е кога човек е професионално и приватно исполнет.

ФОТО: Јасмина Кузмановска / Фејсбук

По сите тажни работи што му се случија изминативе години, Кузмановски низ насмевка вели дека сега му се наместиле сите коцки.

-По се што ни сѐ случи, сега сме добри, некако се наместивме. Си ја бркаме секој својата работа, секој своите обврски, но јас како татко треба да трчам и да се борам за сите нив да живеат полесно и понормално. Сега малку се сменија работите. Не отсуствувам толку често од дома како порано.

Кога немам обврски и настапи, сакам повеќе да сум дома. Веројатно како што старееме, некако стануваме побавни. Сигурно дека им е тешко кога сум отсутен, и мене ми е. Кога знаеш дека сите се дома, а ти мораш да пееш, но ете утредента гледам тоа да го компензираме. Одиме некаде на ручек, ќе ни дојдат гости, одиме на гости“, кажа пејачот за „Женски магазин“.

Поврзано

Back to top button