Таа му е најголема поддршка и секаде одат заедно: Ова е сопругата на пејачот Петар Нечовски
Таа му е најголема поддршка во сѐ што прави и скоро никогаш не се двојат.
Бракот и љубовта на македонскиот фолк-пејач и неговата сопруга се вистински пример за поладите генерации.
Фолкерот Петар Нечовски освен што во Македонија е еден од најпопуларните пејачи, тој важи и за еден од најбараните пејачи во дијаспората.
ФОТО: Фејсбук / Петар Нечовски
Изведува изворни, но и новокомпонирани песни кои се вистински мелем за душа за неговите верни обожаватели.
Петар ја гази седмата деценија од својот живот, а по потекло е од Ресен.
ФОТО: Фејсбук / Петар Нечовски
Десетина години работел како организатор во угостителско-туристичките организации во Охрид, а потоа продолжува како професионален естраден уметник. Реализирал дваесетина турнеи во Австралија, САД и Канада.
Настапувал на многу фестивали во Македонија, каде ја понел главната награда како и на повеќе меѓународни фестивали во Камбера, Торонто, Амстердам и др.
ФОТО: Фејсбук / Петар Нечовски
Петар има специфичен имиџ и репознатлив е по својата фризура – коњско опавче, што е карактеристична повеќе за рокерите отколку за фолкерите.
Неговата сопруга Анастасија е негова најголема поддршка, а нивниот однос е пример за помладите генерации.
ФОТО: Фејсбук / Петар Нечовски
Уживаат да патуваат и често на нивните Фејсбук профили споделуваат фотографии од дестинациите кои ги посетиле.
Повеќе негови фотографии како и од неговата сакана, погледнете во продолжение.