Реклама
Блог

Таа има 51 и не се срами од своите години. Но дали заради тоа треба да ги трпи нашите навреди?

Реклама

Без разлика дали ни се допаѓа нејзиниот стил или не, Сара Џесика Паркер е една од најпознатите модни икони на денешницата.

Можеби оваа улога и ја овозможи Кери Бредшо, ликот кој го играше во Сексот и градот и можеби во приватниот живот не е онаква каква што беше во серијата, но зарем тоа е важно? Таа добро го искористи своето алтер его и сега е успешна деловна жена која има своја модна линија и полека станува една од позначајните дами во модната индустрија. И тоа е сосема во ред. Не ни пречи. Всушност можеме и неа да ја разбереме, особено за некој кој живее во земјата на бизоните каде се сé гледа низ призмата на парите. Но навистина не е во ред тоа што кога ќе објави фотографија која е 100% нетуширана, а која беше направена за потребите за весникот Vanity Fair многумина на Инстаграм да ја критикуваат поради нејзината старост!

Маркетинг

„Контроверзната“ фотографија на СЏП за магазинот VF

Маркетинг

А токму тоа и се случи! Некому му пречи тоа што оваа прекрасна жена има 51 година и што природно изгледа онака како што изгледаат многу жени на нејзини години. Па дури и многу подобро. И на истите тие кои ја критикуваа под оваа фотографија, секако дека не им пречеше последниот календар на Пирели на кој исто така се појавуваат „нетуширани“ девојки, во своето потполно природно издание. И тоа за нив е кул. Но тогаш никој не напиша „О Боже, колку е стара!“ Тогаш никој не коментираше дека Пирели си дозволи премногу па објави „недолични“ фотографии од најубавите жени. Не, а Сара со оваа фотографија за која имаше храброст да ја објави онаква каква што е, наместо да биде поддржана за нејзиниот храбар чекор, кој секако дека оди во прилог на сите оние сизифовски напори модната индустријата да престане да ја истакнува „вештачката“ убавина, да престане со „клонирањето“ на слабите, ненахранети девојки, кои везден ги гледаме по списанијата, едиторијалите, на пистите, наместо дискусијата да оди во конструктивна насока, сиот нејзин напор отиде по ѓаволите. Пропадна за џабе. Го снема!

Зошто? Затоа што повеќето од нас не се подготвени за вистината. И затоа што сме брзи на јазикот, особено на социјалните мрежи, но не и со мислите. Сите несвесно го поддржуваме идеалот за женската убавина кој постојано ни го сервисираат од билбордите, па се до малите екрани на телефоните, и не дозволуваме овие дами достојно да остарат. Ги критикуваме, заборавајќи дека некогаш и зборовите можат да нанесе голема болка. О, да! И тоа најгласни се истите оние кои најчесто критикуваат зошто познатите прават пластични операции. Каков апсурд! Зошто девојките кои ги гледаме на малите и големите екрани не изгледаат природно, се прашуваме, а воедно и беспоштедно критикуваме кога некој ќе го покаже своето вистинско лице. И повторно зошто им треба цела војска од стилисти и шминкери? Зошто се полни со ботокс, силикони, надградени прамени, вештачки усни, нокти…

Милион прашања, а ниту еден одговор!

Или можеби одговорот се крие во секој од нас – односно во тоа дали и колку сме подготвени да ја погледнеме вистинската убавина во лице!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button