„Таа е твојата најдобра пријателка до крајот на животот“ – цитати посветени на сестринската љубов
Големо богатство е кога имаш сестра.
Без разлика дали е постара или помлада, таа е вашата најдобра пријателка до крајот на животот.
Двете знаете како да го претворите животот во вистинска забава само затоа што сте близу еден до друг.
Еве неколку генијални цитати за сестринската љубов:
Кога ќе речам „нема на никој да кажам“ мојата сестра не се смета
Секогаш ќе имам пријателка затоа што имам сестра
Имате ваши интерни шеги кои никој друг не ги разбира.
Таа редовно ти се јавува да те праша како си и што ти се случува во животот.
Сестра ти редовно ти стиска „лајк“ на сите статуси и фотографии, дури и кога никој друг не го прави тоа.
Секогаш моја сестра, засекогаш моја најдобра другарка
Ние две сме повеќе од пријалтелки. Ние сме мала банда.
Имате кавги и се скубевте како мали, но сепак многу брзо се смирувате бидејќи не може да помине ни ден, а да не зборувате.
Никогаш не сфаќате здраво за готово некоја навреда од нејзина страна, бидејќи знаете дека тоа не го мисли.
Знае да ве критикува, но никогаш во јавност. Секогаш ќе ви каже што мисли, но не пред другите.
Сестрите се различни цветови од иста градина
Сестрата е дел од детството кое никогаш не може да го изгубите