Таа е столбот на семејството: Ова е мајката на Сузана Турунџиева – сега е јасно на кој личи водителката
Со емотивна честитка македонската водителка ѝ го честиташе роденденот на својата мајка.
Турунџиева сподели приватни фотографии и ја покажа својата мајка.
Некогашната пејачка, денес водителка, Сузана Турунџиева е синоним за силна и храбра жена која сама се бори низ животот.
ФОТО: Фејсбук / Сузана Турунџиева
Мајка е на две ќерки Лора и Матеа, а и баба на малиот Јаков.
Тие се центарот на нејзиниот свет и целиот живот им го има посветено нив.
ФОТО: Фејсбук / Сузана Турунџиева
Уште од многу млада работи со полна пареа и максимално се труди сама да им обезбеди удобен живот на најсаканите.
Иако беше мошне успешна како пејачка, сепак таа кариера ја стави на пауза и денес работи како водителка.
ФОТО: Фејсбук / Сузана Турунџиева
Освен тоа, вљубеник е во уметноста и изработува интересни дела од камчиња.
Важи за голе хуманитарец и се труди да помогне секогаш кога може.
ФОТО: Фејсбук / Сузана Турунџиева
Таа е единствената која и денес ѝ помага на познатата пчеларка Атиџе, хероината од документарецот „Медена земја“, која после премиерата на филмот беше заборавена од сите.
По повод роденденот на нејзината мајка, Сузе објави семејни фотографии со не и јавно ѝ упати честитка:
„Мојата мајка е од оние мајки за кои треба да се исправиш простум додека зборуваш за неа.
Среќен роденден Бале моја.
Дај Боже уште многу години да одиш по нас и да ни викаш: Облечи папучи“, напиша Сузе во опис на фоторафиите.