Таа е самохрана мајка, живее под кирија и од една плата, но од Атиџе не се ОТКАЖУВА – ќе направи сé за да и помогне во животот
Писателката и пејачка Сузана Турунџиева неодамна го промовираше својот нов спот, а сега си ја отвори душата и откри непознати детали за себе.
Откако се запозна со хероината на „Медена земја“, Сузана Турунџиева ретко зборува за себе.
Најчесто е така поради приказната на големата Атиџе која на сите им стана драга уште во првиот момент кога се појави.
Двете веднаш се спријателија и од тој ден па се до денес тие се најдобри пријателки и речиси секојдневно се заедно.
Во интервју за „Магазин“ на Сител ТВ, Турунџиева вели дека од самиот старт нивните енергии се споиле.
Сузана вели дека сака да патува и често фантазира и зборува со Атиџе на таа тема и нагласува колку е Атиџе скромна и благодарна.
-Јас и велам види Атиџе колку е убав овој остров, а таа вели: „ти не знаеш колку е убаво дома, во Македонија, по нашите планини, ако ги одиш пеш“ раскажа Сузе.
Сузана вели ваквиот став на Атиџе ја „купил“ за цел живот.
При гостувањето во емисијата Сузана зборува за реновирање на домот на Атиџе, но се осврна на тоа дека потребнаи ѝ е клима-уред во куќата.
За жал Сузана не е во моментот во можност да и помогне на Атиџе за тоа, но апелираше до сите хумани луѓе кои можат да помогнат за да се оствари и тоа.
-Јас не сум во некоја финансиска благосостојба, да можам да ѝ го сменам нејзе животот на многу подобро, зборувам од аспект на тоа да ѝ обезбедам животни услови, бидејќи и јас сум таа што ги нема во моментов. Јас сум еден самохран родител, кој живее под кирија, кој живее од една плата, и немам ништо на свое име. Но, јас имам огромна желба да го правам светот подобро место за живеење, и онолку колку што можам да ги обединувам добрите луѓе“, рече Сузана и додаде:
„Ако се најде јунак нека помогне, бидејќи е навистина многу жешко да се седи дома во овчеполијата која е многу жешка“.
Зборувајќи за нивното пријателство Сузана вели дека сака да трае и да останат заедно засекогаш, додека е жива.
-Не и ветив на Атиџе, но јас во себе си реков, ќе се потрудам остатокот од нејзиниот живот да биде подобар, рече Сузана.
Совршениот спој од две прекрасни дами, Сузана Турунџиева и Атиџе минатата недела го претставија видеоспотот пред публиката „Од Бекирлија до Битола“ а реакциите се повеќе од позитивни.
Атиџе како и секогаш зборуваше дека е многу благодарна за се што има откако ја запознала Сузана и вели дека се е сменето на подобро, но нагласи дека како што сега неа и помагаат посакува и таа еден денда има шанса да помогне на другите.
Фото: Инстаграм/ Суана Турунџиева
Фото: Инстаграм/ Суана Турунџиева
Фото: Инстаграм/ Суана Турунџиева