Таа е сакана сопруга и мајка, но и една од најубавите и најзгодните ПРЕЗЕНТЕРКИ во цела Македонија, па и пошироко (фото)

Македонската презентерка на временска прогноза позираше во костим за капење и уште еднаш покажа зошто е една од најзгодните жени на јавната сцена.

Наташа Алексоска долги години е дел од телевизиската сцена и е една најдобрите во презентерки на временска прогноза.
Шармантната водителка својата кариера ја започна пред повеќе од една деценија во МТВ, каде ги водеше добро познатите детско-образовни емисии и програми како „Зимско-рекреативната програма“, „Ѕвон“, „Пулсирања“…

Освен што е успешна во кариерата, Наташа е и сопруга и мајка.
Таа долги години е во брак со спортскиот новинар Роберт. Плод на нивната љубов е нивната ќерка Луна.
Тие важат за складно семејство и секој слободен момент се трудат да го поминат еден со друг.

Наташа, Роберт и Луна често патуваат на разни дестинациии и уживаат во времето поминато заеднички.
Инаку водителката секогаш се труди да изгледа беспрекорно.
Таа остава впечаток на одмерена жена, која вложува многу труд, но и љубов во својата работа, па токму затоа ја работи со леснотија.

Наташа најчесто е закопчана „до грло“ кога на гледачите им ја соопштува прогнозата за времето, но на социјалните мрежи може да се најдат и фотографии на кои нејзината женственост целосно доаѓа до израз.
Наташа не е многу активна на социјалните мрежи, но понекогаш знае да сподели семејни фотографии.

Овој пат таа изненади со фотографии од летниот одмор во Турција.
На нив таа позира во летни фустанчиња кои одлично ја истакнуваат нејзината витка фигура, но и во костим за капење, па нејзините следбеници ги воодушеви со изгледот.
Мора да се признае дека Наташа изгледа прекрасно и може да се пофали линија на која може да ѝ позавидат и помладите девојки.

Нејзиниот сопруг исто така сподели фотографии од одморот, на кои се гледа и нивната ќерка Луна, која деифинитивно ја наследила убавината од мама.
Во опис на фотографиите тој напиша:
„Со татко Луна ужива во исти нешта, со мајка трпи сонце за убав тен”.
Фото: Фејсбук / Наташа Алексоска
Фото: Фејсбук / Наташа Алексоска
Фото: Фејсбук / Наташа Алексоска
Фото: Фејсбук / Наташа Алексоска
Фото: Фејсбук / Наташа Алексоска
Фото: Фејсбук / Наташа Алексоска
Фото: Фејсбук / Наташа Алексоска
Фото: Фејсбук / Наташа Алексоска
Фото: Фејсбук / Наташа Алексоска
Фото: Фејсбук / Наташа Алексоска
Фото: Фејсбук / Наташа Алексоска
Фото: Фејсбук / Наташа Алексоска
Фото: Фејсбук / Наташа Алексоска
Фото: Фејсбук / Наташа Алексоска
Фото: Фејсбук / Наташа Алексоска