Реклама
Холивуд

Таа е преубава, но поради ОВА половина свет е згрозен – многумина ќе се шокираат кога ќе го видат нејзиното лице (фото)

Реклама

Неодамна на отворањето на еден бутик во Лондон се појави и Софија Хаџипантели, манекенката со специфичен изглед.

Таа носеше кежуал издание, стил што го преферира, а комбинираше црни лакирани панталони со обична памучна маица, тексас јакна и модерни чизми. Но не беше модната комбинација причината поради која Софија го привлече вниманието на присутните. Имено манекенката има густи и изразито црни веѓи со кои и се прослави и доби посебно место во модната индустрија.

Маркетинг

Таа со своите фотографии предизвика бурна реакција на социјалните мрежи – едни го фалеа преубавиот изгледа на оваа грчка манекенка од Кипар, но исто така многумина и ја критикуваа што инсистира на споените веѓи како детаљ кој потполно го менува нејзиниот лик.

Маркетинг

Но оваа млада дама храбро се носи со негативните критики и е горда на своите физички карактеристики со кои дефинитивно се издвојува од топлата. Таа дури на своите карактеристични веѓи им има дадено и име – Вероника.

Атрактивната 23 годишна манекенка еднаш доби дури и смртна закана преку социјалните мрежи, но вели дека нема да се откаже од својата цел да го убеди целиот свет дека сите жени се убави на свој начин.

„Јас ги фарбам моите веѓи во црно. Природно се светли. Што се однесува до мене, тоа го правам затоа што ми се допаѓа. А дозволено е да му се допаѓа како изгледам, и смеам да одам по улица и притоа да се чувствувам самоуверено и да се сакам самата себеси“, објаснува оваа Гркинка.

„Кога луѓето почнаа да откриваат која сум, тогаш почнав да добивам и пораки со омраза преку социјалните мрежи. Многумина велат дека сум лицемерна бидејќи не ги средувам веѓите, а очигледно сé друго средувам како и сите останати. Ние Грците од Кипар сме многу влакнести луѓе, сигурна сум дека многумина ќе се сложат со мене. Никогаш со тоа не сум имала проблеми бидејќи мојата баба, моите тетки, моите вујни – сите имаа густи веѓи и никогаш не се плашеле да бидат она што навистина сé, без разлика дали ги кубат или ги оставале да им пораснат. Всушност, за тоа никој никогаш не бил загрижен премногу. Кога би имала можност да си порачам нешто самата на себе како помлада, би кажала – не слушај ги злонамерните луѓе. Не мораш, никој не те присилува, само игнорирај ги“ вели Софија во нејзиното интервју.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button