Реклама
Наши ѕвезди

Таа е негова стара љубов: Аца Лукас проговори за Ана Николиќ и ја нарече „машки Лукас“, еве зошто

Реклама

Популарниот турбо фолкер Аца Лукас не крие дека му годи енергијата на Ана Николиќ и дека често се заедно. Тоа не би било ништо чудно ако пред неколу години, медиумите не објавуваат дека тие се во љубовна врска.

 

Маркетинг

Имено, од први септември на српската телевизија Токсик, Лукас има емисија во која гостинка му е токму Ана Николиќ и за која веќе се пофали јавно:

Маркетинг

-Едната емисија веќе е снимена, треба да снимам уште неколку, а од први септември почнува да се емитува. Многу се зборува за тоа, а и допрва ќе се збори кога ќе видите за што се работи. Во мојата емисија нема забранети, но јас бирам кого ќе викнам, па за првата ги одбрав: Ана Николиќ, Саша Матиќ, Сања Маринковиќ, Ненад Окановиќ, Маца Маринковиќ. Нема секогаш да има по четворица, ќе биде различно, како некаква домашна атмосфера. Исто како кога доаѓаат кај мене на гости, па малку свирам клавир, пееме, си разговараме. Добра е приказната, и има многу хумор, вели Аца и открива како му било кога снимал со Ана бидејќи тоа му е прва средба после подолго време.

– Ана и јас се видовме пред снимањето неколку пати. Првпат после подолго време во Швајцарија каде што настапуваше. Се гледавме ние, разговаравме зошто да не, вели низ насмевка пејачот, а кога го прашале дека во прашање е поговорката: старата љубов не се заборава, тој се обидел да заврти на другарски однос:

– Не е љубов. Ана и јас сме другари. Сериозно. Ние сме стари другари. Не знам за што зборуваш. Со неа сум само другар. Таа е добра личност и многу ја сакам. Николиќ е дефинитивно машки Аца Лукас, вели тој.

Фолкерот потоа на сите начини се обидел да го негира фактот дека тој и Николиќ биле во љубовна врска, но признава дека го сака нејзиниот темперамент.

– Одлично се сложувам со нејзиниот карактер. Јас сакам таков темперамент каков што има Ана. Мене тоа ми годи. Со неа можам да задутре да зборувам. Се сеќавам на нашата средба т.е. како се запознавме. Се знаеме многу долго. Ана е супер личност, заклучува Аца Лукас кој и самиот со нетрпение го очекува своето шоу во кое се појавува како домаќин водител.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button