Таа е негова најголема и безусловна љубов, за неа секогаш зборува со гордост.
Дарио Панковски е долги години дел од македонската музичка сцена. Својата кариера отсекогаш ја градел со квалитетна музика и никогаш не бил дел од некакви афери и скандали.
Со неговите песни растеа многу генерации, а се пеат и ден денес.
„Дупла вотка”, „Здравје Боже”, „Армија”, „Плачела”, „Косоока” се само дел од хитовите кои скоро и да нема човек кој не ги знае.
Својата кариера ја започнал во далечната 1980 година како дел од новоформираната њу-вејв музичка група Бон-Тон.
Во 1992 година била формирена групата Дарио и Миг-21.
Освен што е голем професионалец, посветен максимално на работата, Дарио е и грижлив татко и сопруг.
Долги години е во брак со Бојана Панковска. Плод на нивната љубов се нивните две деца Бруно и Андреа.
Дарио ретко зборува за својот приватен живот, но ја има раскажано неговата љубовна приказна со Бојана. Таа на почетокот воопшто не му обрнувала внимание и тој имал тешкотии да го освои нејзиното срце.
Нивна најголема среќа и мотив се нивните две деца.
Дарио вели дека нема тајна за успешно семејство. Сѐ се сведува на компормис, разбирање и кон децата и кон сопругата.
Тој често споделува фотографии со своите деца.
Од нив може да се забележи дека неговата миленичка, ќерката Андреа која е вистинска убавица премногу потсетува на него.
Позната е големата поврзаност меѓу татковците и ќерките, а и доказ за тоа се Дарио и Андреа.
Негова Ахилова пета, слаба топчка и миленичка е токму таа.
Погледнете повеќе нивни фотографии:
ФОТО: Инстаграм / Дарио Панковски
ФОТО: Инстаграм / Дарио Панковски
ФОТО: Инстаграм / Дарио Панковски
ФОТО: Инстаграм / Дарио Панковски
ФОТО: Инстаграм / Дарио Панковски
ФОТО: Инстаграм / Дарио Панковски
ФОТО: Инстаграм / Дарио Панковски
ФОТО: Инстаграм / Дарио Панковски
ФОТО: Инстаграм / Дарио Панковски
ФОТО: Инстаграм / Дарио Панковски
ФОТО: Инстаграм / Дарио Панковски
ФОТО: Инстаграм / Дарио Панковски
ФОТО: Инстаграм / Дарио Панковски
ФОТО: Инстаграм / Дарио Панковски
ФОТО: Инстаграм / Дарио Панковски
ФОТО: Инстаграм / Дарио Панковски