Таа е најбогатата жена во Индија: Има 169 автомобили и милиони а децата и се возат со градски превоз, сите и се восхитуваат поради начинот на живот
Ги учи децата да живеат скромно...
66 годишниот Мукеш Дирубаи од Индија е милијардер сопственик на најуспешната компанија Reliance Industries.
фото фејсбук/Нита Амбани
Живее во резиденцијата Антилија во Мумба заедно со своето семејство, во најскапиот облакодер во светот вреден милијарда долари.
фото фејсбук/Нита Амбани
Нита Амбани (59) е неговата сопруга која живее и повеќе од удобен живот на кој многумина и завидуваат.
Тие се во брак од 1985 година и имаат три деца – два сина и една ќерка кои се воспитани по строги правила.
фото фејсбук/Нита Амбани
Иако можеле да добијат што сакаат сепак Нита инсистирала децата да се воспитуваат во скромни услови, а за време на нивното воспитување добивале џепарлак.
фото фејсбук/Нита Амбани
Мораа да користат и јавен превоз и имаа строги ограничувања за излегување.
фото фејсбук/Нита Амбани
Нита Амбани во нејзината гаража има дури 169 автомобили, а нејзиниот персонал вклучува 600 членови, меѓу кои готвачи, чистачки, келнери и фитнес инструктори, пишува story.hr.
фото фејсбук/Нита Амбани
Домот во кој живеат има дури 27 ката со бројни забавни содржини како кино, спа-зона, храм, сала за бал и соба посветена на автомобили.
фото фејсбук/Нита Амбани
Членовите на семејството се релаксираат под вештачки снег а имаат и сопствено обезбедување.
фото фејсбук/Нита Амбани
Најбогатата Индијка, учителка и дизајнерка на ентериер, има исклучителен вкус за чанти. Таа потрошила илјадници евра на чанта „Хермес“, а во една прилика порачала 25.000 златни садови.
фото фејсбук/Нита Амбани
На својот сопруг му купила луксузен автомобил „Мајбах 62“, додека милијардерот на сопругата и подарил авион вреден 60 милиони евра.
фото фејсбук/Нита Амбани
Нита најчесто се појавува во јавноста во традиционална облека а Caartier, Bulgari и Gucci се некои од нејзините омилени модни брендови.
фото фејсбук/Нита Амбани
Позната по својата дарежливост, таа основаше училиште и болница во Мумбаи, а парот учествуваше во финансиска донација за време на пандемијата од корона.