Таа е кралица на реалните шоуа – Голубовиќ влезе во Задруга и веднаш се качи на масата да покаже колку ослабела!
Сите останаа изненадени кога на вратата во Белата куќа се појави Јелена Голубовиќ, девојката која јавноста ја запозна преку нејзиното учество во Фарма, а потоа и во првата сезона од Задруга.
Таа е позната како некој кој нема влакна на јазикот, а пред самото влегување во ова шоу пред камерите призна дека нема убаво мислење за Александра Суботиќ и Давид Драгојевиќ, додека за Мики Џуричиќ и Надежда Биљиќ изјави дека се совршен пар.
„Ооо, кај си кралице, кралице на универзумот! Ма кај си легендо, кралице! Добро ни дојде! Нема ријалити без тебе! О колку си ослабела, Јецо! Стигна легендата“ – зборуваше Мики Џуриќ додека Лепи Мичо побара да и се подготви кафенце на новата цимерка.
Од друга страна, Зорица Марковиќ очигледно не беше среќна што ја гледа Јелена Голубовиќ, па затоа замина во кујната. Во еден момент Јелена Голубовиќ се качи и на масата за да му ги покаже нозете на Лепи Мичо.
https://www.youtube.com/watch?v=6P73ZwC8XAM
Погледнете го видеото и ќе видите како изгледаше тоа.