Реклама
Наши ѕвезди

Таа е една од најубавите меѓу жените на политичарите – Бујар Османи е оженет со вистинска убавица

Реклама

Министерот за надворешни работи Бујар Османи може да се пофали со сопруга која е вистинска убавица.

ФОТО: Бујар Османи / Фејсбук

Бујар Османи е роден на 11 Септември 1979 во Скопје, Република Македонија. Дипломира на Медицинскиот факултет во Скопје во 2004 година. Дел од својата специјализација ја завршува во Лондон, Обединетото Кралство во периодот 2006-2007 година, додека од 2012 година се стекнува со звање специјалист хирург. Од 2014 е докторант на Школата за докторски студии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде докторира во јули 2018 година.

ФОТО: Бујар Османи / Фејсбук

Своето работно искуство го започнал во 2004 година како доктор на медицина на Универзитетската клиника за хируршки болести „Св.Наум Охридски“ во Скопје. Во 2008 година е назначен како министер за здравство на Република Македонија и таа функција ја извршува се до 2011 година. Од 2011 година е Специјалист хирург во Универзитетска Клиника за Дигестивна хирургија во Скопје. Во 2011 исто така е назначен за Секретар за комуникација со јавност при претседателството на Демократската Унија за Интеграција.

Маркетинг
ФОТО: Бујар Османи / Фејсбук

Од јуни 2017 година е назначен како Заменик претседател на Влада задолжен за европски прашања.

На 30 август 2020 година, Бујар Османи е избран за Министер за надворешни работи на Република Македонија. Но, никогаш не се откажал од својата примарна докторска професија.

ФОТО: Бујар Османи / Фејсбук

„Две саботи во месецот дежурам, оперирам секој понеделник, и секоја среда два часа држам амбуланта и тоа се обидувам да го држам во континуитет бидејќи сепак сум хирург. Работам рачна работа и поголема пауза ќе значи губење на вештините.

Маркетинг

„Ме препознаваат пациентите и некако им е мило. Првиот впечаток кога ќе поминам низ ходникот, луѓето чувствуваат како да виделе некој познат и тоа е добро чувство. Овие денови, часови кога сум на клиника е поинакво од динамиката која што ја имам како вицепремиер“.

„Откако завршив факултет се вработив во Градска болница и после тоа заминав во Лондон на спцијализација. Бев бубалица додека учев. После враќањето од Лондон, луѓето проценија дека моето искуство таму и овде е добра комбинација да бидам министер за здравство.“

„Тоа станав само штом наполнив 28 години“, изјави Османи за естрадниот магазин „Бекстејџ“.

ФОТО: Бујар Османи / Фејсбук

Министерот во приватниот живот е оженет со неговата сопруга Валбона и е татко на две деца, син и ќерка.Валбона иако е една од најубавите сопруги на политичарите во нашата земја, сепак е скромна и не се експонира во јавност.

Османи и Валбона, која инаку е дипломиран политиколог, биле една година во врска пред да стапат во брак.

ФОТО: Валбона Османи / Фејсбук

„Со Валбона ми се случи љубов на прв поглед, веднаш знаев дека таа е жената на мојот живот.“

„Затоа и не сакав да чекам многу, и иако бевме во врска помалку од една година, пред неколку дена додека бевме на викенд во Солун ја запросив“.

„Имаме големо разбирање и љубов, а ако даде Господ планираме многу деца, тие се круна на секој брак според мене’’, изјави Османи во една прилика.

Неколку месеци по свршувачката направија голема свадбена забава во хотелот ,,Њу стар’’ во Скопје.

ФОТО: Валбона Османи / Фејсбук

„Не би знаел дали има рецепт за успешен брак. Валбона ње рецептот. Едноставно се погоди човек со кој што имам успешен брак. Таа е рецептот за мојот успешен брак. Се погодивме.

Љубовта ни се развивува со текот на времето. Таа врска доби нова димензија вон таа романтична врска. Сега со децата во приказната станува уште поубаво“, рече тој за „Бекстејџ“ и откри дали се уште има љубомора во нивната врска:

„Знам да бидам љубоморен, но и Валбона уште повеќе. Кога патувам ми се јавува со видео линк“, кажа Османи.

ФОТО: Валбона Османи / Фејсбук

Валбона пак често на социјалните мрежи споделува нивни заеднички фотографии, според кои може да се забележи дека станува збор за среќно и хармонично семејство.

ФОТО: Валбона Османи / Фејсбук

По повод неговиот роденден, таа напиша и емотивна порака посветена на министерот.

,,Ти правиш да се вљубувам во тебе, секој ден, одново и одново! Колку повеќе те запознавам, толку повеќе се зголемува љубовта и почитта. Преку височините и падовите што животот ни ги фрла, преку болест и здравје… Ќе бидеме таму… Среќен роденден на највредниот и паметен човек што го знам, на таткото на моите деца, на мојот сопруг’’ – напиша тогаш Валбона, постирајќи и фотографија од Бујар под емотивната честитка која ги разнежи нејзните пријатели.

ФОТО: Валбона Османи / Фејсбук
ФОТО: Валбона Османи / Фејсбук

ФОТО: Валбона Османи / Фејсбук

ФОТО: Валбона Османи / Фејсбук

ФОТО: Валбона Османи / Фејсбук

ФОТО: Валбона Османи / Фејсбук

ФОТО: Валбона Османи / Фејсбук

ФОТО: Валбона Османи / Фејсбук

ФОТО: Валбона Османи / Фејсбук

ФОТО: Валбона Османи / Фејсбук

ФОТО: Валбона Османи / Фејсбук

ФОТО: Валбона Османи / Фејсбук

ФОТО: Валбона Османи / Фејсбук

ФОТО: Валбона Османи / Фејсбук

ФОТО: Валбона Османи / Фејсбук

ФОТО: Валбона Османи / Фејсбук

ФОТО: Валбона Османи / Фејсбук

ФОТО: Валбона Османи / Фејсбук

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button