Реклама
Наши ѕвезди

Таа е една од нашите најубави водителки, а тој е најважната личност во нејзиниот живот – Елена покажа кој и го чува грбот!

Реклама

Водителката покажа кој ѝ го чува грбот.

Македонската водителка Елена Стојановска важи за една од најубавите жени на македонската јавна сцена.

Маркетинг

Елена плени со својата убавина, шарм, одмереност и дамско однесување.

Нејзиниот лик го гледаме скоро секој ден на утринската програма на фрекфенцијата на Сител телевизија.

Маркетинг
Фото: Фејсбук / Елена Стојановска

Секогаш средена од глава до пети, Елена особено внимава на физичкиот изглед.

Водителката никогаш не можете да ја видите во лошо издание, а она што го работи изгледа како да го прави со леснотија.

Таа е и една од ретките кои внимаваат на литературниот изговор и нагласок.

Фото: Фејсбук / Елена Стојановска

Освен што неуморно работи, таа е активна и на социјалните мрежи, па често споделува со своите фанови како изгледа нејзиниот работен ден.

Водителката често споделува и фотографии од своето семејство.

Таа во интервју за Гламур кажа дека нејзиното семејство ја прави среќна и ѝ го разубавува секој ден, но и дека големо задоволство ѝ претставуваат патувањата.

Фото: Фејсбук / Елена Стојановска

„Успешно реализирана емисија е дел од професионалната радост и задоволство. Но, приватно среќна ме прави моето семејство што мислам дека е идентично за сите нас. Многу сакам дружби со другарките и јас не кријам дека другарствата многу ги негувам. Конечно, голема среќа за мене е и кога патувам некаде, тоа ни е заедничка страст со мојата љубов“, вели водителката.

Фото: Фејсбук / Елена Стојановска

Водителката често знае да сподели и емотивни фотографии и статуси посветени на нејзиниот сопруг.

Таа е емотивно исполнета жена и за жал на многу мажи кои би сакале да е соло, таа ужива во љубовта со својот Огнен.

Фото: Фејсбук / Елена Стојановска

Елена и Огнен стапија во брак во 2010 година, а таа на Инстаграм сподели фотографија од нивната свадба.

„Таа одбра да биде мноооогу среќна, а тој одбра да му биде интересно цел живот“, стои во опис на фотографијата.

Фото: Фејсбук / Елена Стојановска

Познатата водителка и на социјалните мрежи не крие колку е вљубена во својот партнер, а во една пригода објави негова фотографија на својот профил на Инстаграм и го пофали дека е „убав како турски глумец“.

„Ахх, она кога маж ти е убав како турски глумец“ – му поласка шармантната водителка тогаш на својот сопруг на шега.

Фото: Фејсбук / Елена Стојановска

Плод на нивната љубов е ќерката Илина, со која водителката се труди да има другарски однос.

„Се опуштам со мојата Илина. Таа расте толку брзо и со неа се смеам вистински и од срце. Таа ми е ќерка, но во исто време си градиме и многу интересен другарски однос. Омилениот афтер ворк ми е кога спокојно со неа си го пијам попладневното кафе и ги откривам нејзините размислувања за нештата. Искрено, јас многу работи учам од нејзината мала, умна, убава главичка“, кажа Елена за Гламур.

Фото: Фејсбук / Елена Стојановска

Водителката сега сподели фотографија од неа и нејзиниот сопруг направена додека се возат лифт и покажа дека тој секогаш ѝ го чува грбот.

„Некои луѓе воопшто не сакаат селфи во лифт“, напиша водителката во опис.

Фото: Инстаграм/ Елена Стојановска
Фото: Инстаграм/ Елена Стојановска
Фото: Инстаграм/ Елена Стојановска
Фото: Инстаграм/ Елена Стојановска
Фото: Инстаграм/ Елена Стојановска
Фото: Инстаграм/ Елена Стојановска
Фото: Инстаграм/ Елена Стојановска
Фото: Инстаграм/ Елена Стојановска
Фото: Инстаграм/ Елена Стојановска
Фото: Инстаграм/ Елена Стојановска
Фото: Инстаграм/ Елена Стојановска
Фото: Инстаграм/ Елена Стојановска
Фото: Инстаграм/ Елена Стојановска
Фото: Инстаграм/ Елена Стојановска
Фото: Инстаграм/ Елена Стојановска

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button