Таа е дамата која Игор Џамбазов ја КАЧИ НА ПИЕДЕСТАЛ – шоуменот се потсети на ЗЛАТНИТЕ ДЕНОВИ

Актер, музичар, забавувач, ТВ водител, писател, режисер, текстописец. Ова се сите таленти кои ги поседува еден човек – Игор Џамбазов.

Миленик на публиката, го сакаат и млади и стари, идол на многу генерации.
Со неговата примарна професија глумата, почнал да се занимава уште на 6-годишна возраст кога глумел во филмот Македонскиот дел од пеколот, во режија на Ватрослав Мимица. Во текот на детството, во тинејџерскиот период, па сè до запишувањето на Академијата за драмски уметности, тој е присутен во различни емисии и серии.

Значајна улога во овој период е улогата на Трајче во филмот кој се базира на истоимената книга „Волшебното самарче“ од Ванчо Николески. Во филмот ја играл главната улога заедно со легендарниот глумец Ристо Шишков.
Благодарение на своите извонредни уметнички и сценски перформанси Игор Џамбазов бил трипати е прогласуван за Најпопуларно ТВ лице на годината, 2 пати за Артист на годината и 6 пати за Водител на годината и не случајно го доби епитетот – „македонскиот шоумен“.

Македонската јавност го обожаваше како водител на Бинго. Не постоеше човек кој не гледаше Бинго токму поради него и неговата хостеса, убавата манекенка Натали Грубовиќ.
Улога во државното Бинго (на Лотарија на Македонија) му донесе огромна популарност и повторно го вратила во светот на музиката.

Игор и Натали беа најпознатото водителско дуо кое со години ја забавуваше целата јавност. Заедно ги водеа популарните игри на среќа „Џандар збира“, „Супер Бинго“ и „Тркало на среќата“.
Игор Џамбазов на својот Инстаграм-профил објави фотографија која инстантно нè врати во 90-тите години, или како што вели тој, во златната ера на телевизиските игри на среќа.
„Елеганција во движење … со Натали Грубовиќ, во златната ера на телевизиските игри на среќа“, напиша Џамбазов во описот на фотографијата.

Со оваа фотографија тој ги израдува неговите фанови кои се потсетија на едно убаво време, па веднаш почнаа да му оставаат коментари.
„Убави времиња“, „Ајдее Наталии, дај му на човекот – овој слоган остана во народот од тие времиња“, „Ех бре Игоре“,
„Се сеќавам како вчера да беше“, „Ајде враќај се на малите екрани“, „Ова не е бинго, ова е Супер Бинго“, „Носталгија, убави времиња“, беа само дел од коментарите кои се нижат под објавата на Џамбазов.

Во едно свое телевизиско интервју раскажа интересна случка од тој период.
„Пред многу години во „Супер Бинго“, едно семејство доби награда – летување со Игор Џамбазов во Грција. Се избањав првиот ден со нив, се сликав, потоа од соба не излегов девет дена“, е само една од приказните на Џамбазов.

Игор и понатаму е омилен водител на Македонците, кои велат дека не постои друг како него кој може така да го задржи вниманието на публиката. Игор долго време е повлечен од телевизиските екрани и посветен е само на глумата, а и пандемијата си го направи своето, па тој целосно се повлече од камерите и ужива во природните убавини заедно со неговата партнерка алпинистката, Илина Арсова. Што и да направат, каде и да отпатуваат нивниот чекор будно се следи.

Од самиот почеток тие ја информираа јавноста за нивната љубов и не престануваат да споделуваат фотографии на социјалните мрежи.



















