Таа го има клучот на НЕГОВОТО СРЦЕ: Џамбо Агушев со емотивна порака за својата САКАНА – ова го посакува секоја жена
Популарниот македонски музичар ја покажа својата романтична страна и напиша емотивна порака за својата сакана.
Џамбо јавно ѝ го честиташе 8-ми Март на својата сопруга и објави нивна заедничка, досега невидена фотографија.
Не постои човек на Балканот, а веќе ни во светот кој не слушнал за оркестарот Агушеви.
Исеин Џамбо Агушев уште на 3 години покажал желба за свирење на труба.
Иако може да се пофали со светска кариера, вели дека најдобриот совет што го добил од неговиот татко е колку и да си на врвот, секогаш да бидеш добар човек и да се однесуваш скромно.
Бендот Агушеви работи со полна пареа, а настапи имаат низ целиот свет.
Каде и да оди, Џамбо секогаш се враќа дома, кај саканата и децата.
Клучот на неговото срце го има само една, неговата Асена.
Асена по потекло е од Турција, а живеела во Германија.
На нејзината убавина никој не може да остане рамнодушен.
Таа е вистинска убавица и каде и да се појави не може да помине незабележано.
Круна на нивната љуов се секако нивните четири деца, синот Мерт, и ќерките Севги, Мелинам и Алина.
Џамбо никогаш не пропушта можност јавно да ѝ изрази љубов на својата сакана.
Така беше и овој пат, по повод 8-ми Март.
Џамбо јавно ѝ го честиташе 8-ми Март на својата сопруга и објави нивна заедничка, досега невидена фотографија.
„Најубавиот цвет меѓу сите цветови во цветната градина е мојата сакана сопруга. Среќен 8-ми Март“, напиша тој во опис на фотографијата.
ФОТО: Фејсбук / Џамбо Агушев
ФОТО: Фејсбук / Џамбо Агушев
ФОТО: Фејсбук / Џамбо Агушев
ФОТО: Фејсбук / Џамбо Агушев
ФОТО: Фејсбук / Џамбо Агушев
ФОТО: Фејсбук / Џамбо Агушев
ФОТО: Фејсбук / Џамбо Агушев
ФОТО: Фејсбук / Џамбо Агушев
ФОТО: Фејсбук / Џамбо Агушев
ФОТО: Фејсбук / Џамбо Агушев
ФОТО: Фејсбук / Џамбо Агушев
ФОТО: Фејсбук / Џамбо Агушев
ФОТО: Фејсбук / Џамбо Агушев
ФОТО: Фејсбук / Џамбо Агушев