Новости

Таа беше „жива легенда“ и кралица на македонската народна песна: Не го пропуштајте концертот во чест на неповторливата Васка Илиева, еве кога

Advertisement

Се наближува концертот посветен на Васка Илиева.

Дојдете во Домот на АРМ, на 9 ноември (четврток), во 20 часот, заедно да ја чествуваме 100-годишнината од раѓањето на „кралицата на македонската народна музика“.

Advertisement

Оваа покана како потсетување за големиот музички настан во чест на легендарната Васка Илиева е објавена на фејсбук страницата на Националниот ансамбл за македонски танци и ора „Танец“.

Фото: Википедија

Advertisement

Билетите, кои чинат само 600 денари, се во продажба  на фејсбук страницата на неколку локации – Розе Веро 2 (Тафталиџе), ЈК Травел (ТЦ Бисер – Аеродром) и во книжарниците Literatura.mk, како и на онлајн сервисот на следниов линк.

Фото: Фејсбук профил

Овој ексклузивен концерт кој го најавува „Танец“ ќе се одржи во Домот на АРМ под наслов „Песната, судбината“. Тоа ќе биде вечер кога ќе имаме можност да ги слушнеме златните македонски гласови на Сузана Спасовска, Драган Николовски, Елена Андоновска, Габриела Новевска, Кирил Митоски…Музичките адаптации, аранжмани и оркестрации за „Танец“ се на Дарко Илиевски.

Песната што е своевидна македонска химна „Земјо македонска“ ќе ја испее Сузана Спасовска.

Васка Илиева е родена во скопската населба Чаир на 21 декември 1923 г. во семејство на музичари. Нејзиниот татко, Тодор Бошков Велков, бил познат гајдаџија. Васка Илиева својата музичка кариера ја започнува пред 1950 година во Државниот ансамбл за народни песни и игри „Танец“.

Фото: Јутјуб

Поради ненадминатиот стил на пеење и неповторливиот глас, Васка Илиева многу брзо станува многу популарна и настапува на безброј концерти, не само во татковинатa, туку и во тогашна Југославија, како и секаде во светот каде што живеат Македонци.

Станува препознатлива со песните: „Земјо македонска“, „Имала мајка“, „Излегол Невен Пејо“, „Аир да не сториш мајко“, „Сестра кани брата на вечера“ и многу, многу други.

Фото: Јутјуб

За време на долгата музичка кариера, во Република Македонија и насекаде по светот каде што живеат Македонци ја нарекуваа „жива легенда“ на македонската народна песна, „кралица на македонската народна песна“, како и „амбасадор на македонската народна музика“.

Неповторливата Васка Илиева почина на 4 мај 2001 година во родното Скопје на возраст од 77 години, оставајќи зад себе богато културно и духовно наследство.

 

Во нејзина чест, а по повод 10 години од нејзината смрт, беше организиран и одржан концерт во Македонската опера и балет, на кој настапија познати музички имиња и секако и нејзинината наследничка Сузана Спасовска.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button