Таа беше жената што ја посакуваше и пред да ја запознае – сопругот на КАРЛЕУША беше затрескан во неа, тоа беше јавна тајна!
Пејачката Јелена Карлеуша и нејзиниот сопруг, фудбалерот Душко Тошиќ отсекогаш го привлекувала вниманието на јавноста со нивната љубовна приказна.
За нивниот брак досега многу пати се пишувало, па и за проблемите низ кои наводно поминуваат.
Но и покрај големиот број информации што можеме да ги прочитаме во медиумите, повеќе од очигледно е дека тие својата семејна интима сакаат да ја чуваат само за себе, подалеку од очите на јавноста. Популарната пејачка не ретко знае да се пошегува на сметка на својот брак, но така само дополнително ги збунува медиумите.
Тие и двајцата во врска со нивниот љубовен живот досега никогаш јавно не се огласувале иако за нивниот брак се пишуваше многу во годината што изминува. Па бидејќи полека се ближиме кон крајот на 2020 решивме да се потсетиме на нивната љубовна приказна која отсекогаш ги полнела порталите и насловните страни.
„Обично јас бев таа што ги избирав мажите, но кога станува збор за Душко – тој беше тој што ме избра мене и не се откажа.
„Јас сум некој кој на прв поглед е одбивен и агресивен, малку мажи преминувале преку таквиот мој поприлично агресивен став, но тој ја зацрта својата приказна, изјави Јелена своевремено за „Еспресо“ и додаде:
„Потоа дознав дека како тинејџер целата соба ја излепил со мои постери и јас бев негова животна желба“, раскажа таа.
Тоа е една убава приказна, тоа ми го раскажаа неговите соиграчи. Беше јавна тајна дека Душко ме сака и дека има мои слики на ѕидот.
Познатито фудбалер и популарната пејачка се во брак веќе повеќе од една деценија, а нивната љубов ја крунисаа нивните преслатки ќерки Атина и Ника.
„Јелена во една пригода за српскиот „Хелоу магазин“ откри дека Атина е нејзина, а Ника копија на Душко“.
„Јас сум висока 180 сантиметри, а ќерка ми Атина е скоро со иста височина и тоа на само 12 години.
„Ника беше на фудбал кога го сликавме ова. Таа не е во нашиот фазон“, вели контроверзната пејачка.
Инаку, Јелена и Душко новогодишните празници ќе ги поминат заедно затоа што Душко по подолго време се врати од Кина и сега конечно имаат повеќе време еден за друг. Тој деновиве замина на одмор во Дубаи со нивните ќерки, додека Карлеуша заради обврски мораше да остане дома.
И судејќи според фотографиите што ги објави на својот Инстаграм, Тошиќ со ќерките си поминува одлично.
Неговата сопруга за тоа време реши да го украси нивниот дом, но и да ги почести своите фанови на Инстаграм со празнични фотографии. Таа позираше во провокативно издание покрај огромната, раскошна елка, а како изгледа новогодишната декорација погледнете во продолжение.
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша