Реклама
CelebrityНаши ѕвезди

Таа беше во автомобилот со Боки 13 кога тој беше приведен: Лила дојде на распит за „Рекет“

Реклама

Водителката Филиповска  беше во автомобилот на Боки 13 кога тој беше приведен на граничниот премин Богородица.

Бизнисменот Силјан Мицевски по сведочењето за случајот „Рекет“, изјави дека не добивал закани за да му даде 720 илјади евра на Меѓународниот сојуз, а запрашан како ќе си ги врати парите, тој кусо одговори: „Прашајте го Бојан“.

Маркетинг

Тој  доаѓа  да сведочи по втор пат, при што додаде дека парите, 720 000 евра, кои наводно биле уплатени  како “авторски хонорар“ за проект за старски домови не ги уплатил на сметка на пензионерката Лилјана Тодоровска, туку на невладината Меѓународен сојуз, предводена од Боки 13.

Пензионерката Тодоровска сведочеше во обвинителството пред десетина дена. Претходно изјави дека парите кои Мицевски ги уплатил на нејзината сметка ги подигнала во кеш, а потоа ги дала на друго лице од невладината на Боки 13, но не кажа за кого станува збор.

Маркетинг

Воедно денеска сведочеше и водителката Лила Филиповска, која важи за блиска пријателка на Боки 13, пренесува Канал 5. Таа била повикана да даде повеќе информации за истрагата, велат од обвинителството, но не откри дали била да го посети нејзиниот пријател во притвор.

Поврзано

Back to top button