Сцени како од Библијата: Додека светот се бори со коронавирусот, се појави библиски знак и предизвика паниka и страв
Ако се земе во предвид дека светот страда од коронавирусот, кон ова ужасно сценариот со кое почна новата 2020 година, може да се придобие и едне библиски знак – невидена наезда на скакулци, најголема во последните 70 години.
Експертите на Светска банка предупредија дека наездата на овие инсекти во источна Африка, но и во Јемен и на Арабискиот полуостров каде роевите скакулци направија хаос благодарение на топлата и дождлива зима.
Во време кога светот беше преокупиран со коронавирусот, скакулците буквално ги изедоа посевите во 23 земји на Блискиот Исток, Африка и Азија.
Светската банка оваа инвазија на скакулци ја нарече најлоша во една генерација, односно во последните 70 години – и тоа пред да се покаже целосно нејзиниот втор бран. Облаци скалкулци ја пустошат Кенија, Етиопија, Иран…
Во сите погодени земји, опстанокот на посевите и жетвата оваа година е доведена во прашање.
Облаци агресивни инсекти кои ги пустошат посеаните полиња и предизвикуваа општа глад, се библиско олицетворение на апокалипсата кон која се надоврзува и кризата со коронавирусот: Дури и без смрtо носнаtа пандемија од коронавирусот, 2020 година ќе биде период на големи суши, „година на голема глaад“ и можеби најголема хуманитарна криза од Втората светска војна.
На тоа светските лидери предупредија многу пред да се појави Коронавирусот, изјави извршниот директор на Светската програма за храна Давиз Бизли.
– Десетина, па дури и стотици илјади луѓе би може да уmрaат и затоа мора да им помогнеме на сиромашните, рече Бизл.
Billions of locust are invading East Africa just two months after the last swarm. pic.twitter.com/9jCAl3jVIn
— AJ+ (@ajplus) April 22, 2020
Според последните податоци на ОН, речиси една милијарда луѓе во светот се хронично неухранети, а тоа е секој осми жител на планетава. Поради коронавирусот нивниот број ќе порасне за уште 130 милиони само во 2020 година. Бизл предупредува дека 265 милиони луѓе ќе гладуваат.
Програмата на ОН за храна, која тој ја води, е најголемата хуманитарна организација на светот. Дневно храни речиси 100 милиони луѓе. Ако наеднаш се запре таа помош, секој дена до 300.000 луѓе ќе почнат да uмиpраат од глад.
– Соочени сме не само со глобална пандемија, туку и со глобална хуманитарна катастрoофа. Духот на гладот е присутен и пооп асен отколку билокога, рече Бизл.