Реклама
Наши ѕвезди

Сум спиел на столчиња во болница, со жена ми се боревме да преживее нашето дете – искрено со Жаре Бебер

Тој сподели дека неговата ќерка се вика Тијана и е крстена по пејачката Тијана Дапчевиќ.

Реклама

Харизматичниот водител Жаре Бербер, секогаш весел и расположен за првпат пред јавноста проговори за приватноста и со што тој се соочувал во животот.

 

Маркетинг

На гостување во поткастот на Стефан Лазаров, Жаре си ја отвори душата за многу работи.

Тој сподели дека неговата ќерка се вика Тијана и е крстена по пејачката Тијана Дапчевиќ.

Маркетинг

– Вака беше тоа. Дента кога жена ми требаше да се породи сите бевме собрани во еден скопски локал „Пиано“, таму седевме често, јас Панки, доаѓаше повремено Тијана. Таму пееја „Силви бенд“, ама понекогаш и ние го зимавме микрофонот. Тој ден жена ми во болница, ние сите чекаме да се породи, ама многу долго траеше тоа и малку повеќе пивнавме. Јас и викам на Тијана: Ако имам ќерка ќе се вика како тебе. Многу ми беше интерсно, несекојдневно името, открива Жаре.

Во поткастот водителот сподели со јавноста и за еден од неговите најтешки периоди во животот.

– Сите вака ме гледаат весел расположен, си викаат види го блазеси му живеел во Грција, види го ти него. Јас сум бил преку 70 пати во болница, сум спиел по болници, не сум спиел сум дремел по ходници, во Козле сите ме знаеа и чистачките. Кога беше мала ќерка ми имаше проблеми со дишењето, некој вид на асма, едвај откривме со жена ми што ѝ е, затоа и живеев во Грција, рече Жаре.

Погледнете го целото интервју со Жаре Бербер во продолжение.

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button