Интервју

Сум одел на стендап кај колеги, некогаш има и позабавни погреби – искрен блиц муабет со Сашо Тасевски

Ако ние отворено не се заебаваме со политичарите и политиката, тие ќе не заебаваат нас. СтарА СКОПСКА, вели Тасевски

Реклама
Реклама

Актерот кој или многу го сакате или менувате канал ако го видите на ТВ, нема средина за чувствата кои ги буди  Сашо Тасевски. Уметник кој е уникатен по својата природа, гласноговорник кој речиси и да не помине ден, а да не даде јавно свој став за актуелните случувања.

На штиците што живот значат брилијантен, кога е потребно ќе ве насмее до солзи, а ако треба ќе ве расплаче до срж.

Маркетинг

Тасевски за 6 декември најавува  големо стендап шоу, „Шоуто на Тасевски -Урнебесна комедија со комплетна вистина“ на сцената на „Кино Милениум“.

Непостедно пред да се собере публиката пред бината поразговаравме со актерот Сашо Тасевски.

Маркетинг

Најавувате голем предновогодишен настап, стендап шоу „Урнебесна комедија со комплетна вистина“. Што да очекуваме од вас на 6 декември?

Најавувам снег со повремено пичење дожд. Очекувајте го Дедо Мраз.

Познати сте во јавната и по остра критика за политичките случувања во државава. Дали на стендапот ќе опфатите и политички теми?

Ако ние отворено не се заебаваме со политичарите и политиката, тие ќе не заебаваат нас. СтарА СКОПСКА.

Одите ли вие на стендап во Македонија?

Сум одел на стендап кај колеги. Океј ми е. Некогаш има и позабавни погреби.

Со кој од колегите од филмската/театарска фела се дружите приватно?

Со Бред Пит сум на пичку матер. Со Моника Белучи на „на ти го- дај ми го“.

Бидејќи нашиот медиум не се потпира на „рекла-казала “муабети сакаме директно да ве прашаме, дали е вистина дека се разведувате?

За приватен живот не праам муабет.

Како е да се биде татко на три деца? Кажете ни нешто за наследниците на Тасевски.

Татко може да биде секоја будала. Ама да се биде добар татко е поретка привилегија и вештина. Каја, Кален и Кира се имињата на моите деца.

По што од храна мечтаете да вкусите( можеби некој специјалитет, странска кујна, десерт…)

За малку еднаш ќе пробав похован носорог ама пред да седнам на маса, некој го изел. Ми кажаа Маричиќ го изел.

Ако некој пребара на гугл Сашо Тасевски, ќе му се појави уште еден лик со исто име и презиме како вас, и со иста година на раѓање. Во нашата земја ваквите ситуации понекогаш занаат да предизвикаат серизони проблеми, но и комични ситуации. Човекот со исто име и презиме како вас е директорот на Бирото за јавна безбедност. Дали ви се случувало некогаш да ве помешаат некаде? Или можеби сте чуле , обратно, нему да му се случи да го помешаат со вас?

Да со Сашо Тасевски бевме во „Рабоптнички“ во младинци, јас откако он дојде многу брзо заминав во друг клуб. Бев пред него во клубот. И на спортска медицина нешо ни ги измешаа картоните, а јас не знаев дека исто се презива ко мене. Па  настана голема забуна за една работа. Ама нема сега за тоа.

Каква е иднината на стендапот ?

Иднината на стендапот не е баш многу светла, иако народот полека се навикнува на тој тип изведба. Но менталитетот ни е заебан. Сите сакаат да го заебаваш Другиот ама не и него.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button