Султанката грми на 76 години – убавата турска актерка немаше многу среќа во љубовта, еве зошто
Небахат Чехре, која се прослави по улогата на мајката султанка во „Величествениот“, нема кого не воодушевила со својата става кога и да се појави.
Во 76. година изгледа подобро и од двојно помлади, а покрај тоа, оваа актерка, барем според написите на турските медиуми, ја краси и силен карактер како и ведар дух.
„Да се биде самостојна жена има свои предности, но и маани. Мораш понекогаш да се правиш дека си силна, тогаш кога си скршена, но во денешниот свет за да опстанеш- мора да бидеш силна. Тоа го почувствував на своја кожа и кога излегов од филмската индустрија. Тоа беше моја желба, но луѓето заборавија дека сум постоела иако пред тоа снимив бројни филмови“, рече таа во еден разговор.
Инаку, Небахат почна да ја гради кариерата во 1960 година и тоа како модел. Победи на изборот за Мис на Турција и својата земја ја претставуваше на светскиот избор во Лондон.
„Никогаш не сум барала пари од своето семејство! На изборот за Мис ме испратија буквално без ниту една турска лира во џебот. На граница ме запреа и не ми дадоа да одам во Лондон зошто бев премлада, па под гаранција на премиерот сепак отидов на натпреварот. Влегов во авионот со 50 центи, но тоа е животот на која навикнав“, открива таа.
Оваа убавица своевремено беше во брак само 15 месеци, со 14 години постариот Јилмаз Гунеј. Врската брзо ја започнаа, а дури подоцна се покажало дека Јилмаз имал друга жена која чекала негово дете.
И покрај тоа,тој и Небахат останале заедно, па влегле во многу турбулентен брак, во кој имало дури и насилство. Според пишувањето на турските медиуми, поранешните сопружници по разводот никогаш не зборувале лошо еден за друг.
Десет години подоцна Небахат го изговори судбоносното „да“ на кошаркарот Јавуз Демир, со кој остана во брак три години. Останала бремена, но имала спонтан абортус кога сфатила дека нејзиниот брак ќе пропадне.
„Пораснав со очув, немав вистински татко и поради тоа не сакав моето дете да минува низ истата ситуација. Тогаш себеси си ветив дека, ако имам брак за кој верувам дека ќе опстои, ќе имам и дете“, објаснува Небахат.
И покрај се, актерката во едно скорешно интервју рече дека никогаш не чувствувала дека и недостасува љубов, и дека воопшто не е осамена.
„Веќе подолго време немам никој. Кога не чувствувам емоцијална поврзаност, не сакам да одам ниту на вечера со таа личност. Не сум била на вечера ниту со машките колеги со години. Вистина е со годините станува се потешко да се најде некој со исти животни цели како и јас, кој ме весели и со кој би можела да го поминам остатокот од животот. Но не сум осамена. Кога ќе запознам некој кој ќе донесе возбуда во мојот живот, ќе знам тоа и да го препознам, но и да не се случи тоа, нема за жалам“, заклучува таа.