Сузана Турунџиева cкpшена од бoлка – објави ЕМОТИВНА ПОРАКА за нејзиниот сопруг кој го изгуби животот на млади години!
Познатата пејачка, водителка и писателка Сузана Турунџиева се потсети на својот сакан.
Иако таа е синоним за храброст и позитивност од време на време знае да си ја отвори душата и да ја покаже и емотивната страна.
Сузана Турунџиева е родена во Битола, на 9 март 1969, како второ дете во семејство на просветни работници. Уште од шестгодишна возраст го изучува пијаното, а на дванаесет години сама, без знаење на своите родители, со своите заштедени пари си купува гитара, на која сама почнува да учи да свири. Во 1984 година се запишува во средно музичко училиште во Битола на отсек соло пеење.
Во 1987 година се запишува на Факултетот за музичка уметност во Скопје.
Освен музиката таа е писателка која во своите зрели години објави 10 книги.
Покрај ваквиот успех на Сузана стојат и многу години макотрпна работа која ја направија Сузе една и единствена во Македонија.
Таа е позната по својата харизма и добрина, а во последно време е доста активна и на социјалните мрежи каде секојдневно објавува по нешто.
Најголемата болка за неа беше смр-тта на нејзиниот сопруг Маријан. Водителката скршена од болка тогаш сама ја соопшти yжасната вecт.
Денеска таа повторно се потсети на него и колку тој и недостига.
Имено на денешен ден го славеле неговиот роденден, а по тој повод Сузана напиша емотивна порака на нејзиниот Инстаграм профил.
„На еден татко на небото денес му е роденден.
Нека е вечен споменот за сите прекрасни луѓе кои живеат во нашите спомени“ напиша Сузана.
Таа често се потсетува на него, па така беше и неодамна, 5 години по неговата сm-рт таа сподели негова фотографија за да му оддаде почит.
„Што да напишам, а што веќе не сум напишала?! Пет години“, објави познатата пејачка, водителка и писателка под црно-белата фотографијата што ја објави на „Фејсбук“.
Турунџиева во 2016 година му посвети книга на починатиот сопруг во која, како што самата напиша, се сместени најсреќните и најтажните моменти од нивната долгогодишна љубовна приказна.
Таа неколку пати зборуваше за него, а во едно интервју за „Женки магазин“ таа рече дека нејзините ќерки биле причина да остане жива.
„Животот никогаш не ми даде трошка време да се подготвам ни за тагата, ни за радоста. Нека биде радост! Доста беше тага“ рече тогаш Сузе.