Сузана Турунџиева и во шестата деценија нема ни грам цeлулит – неверојатно тело, многумина можат само да и завидуваат!
Објави фотографија во бикини и ги воодушеви пријателите
Сузана Турунџиева ужива на летувањето со својата наследничка Матеа која има 12 години, а преку својот профил на социјалните мрежи редовно ги известува своите пријатели во врска сé што им се случува на годишниот одмор.
Таа на својот профил сподели неколку фотографии, а најмногу внимание привлече со оние на кои позира во костуми за капење.
Од фотографиите можеме да видиме дека нашата позната водителка, писателка и пејачка за свои години изгледа неверојатно, но и дека има беспрекорно тело на кое многу помлади дами можат само да и завидуваат.
Годините како воопшто да не оставиле трага на неа, па постојано добива пофалби на сметка на својот беспрекорен изглед.
Што се однесува до тоа како успева да изгледа секогаш убава, насмеана и полна со позитивна енергија, таа во една пригода откри:
„Не постои поголем непријател на имунитетот од тагата… Со намера да се подигне (имунитетот) Се купуваат разноразни глупости: зрнца киноа, се цедат тони лимони, медови, авокадо, се рендаат ѓумбири, се цедат портокали, се пие Омега 3, магнезиум хлорид, цедени масла, мелеми, чаеви од билки за кои некој чул дека ќе ни биде подобро“.
„Но единствениот поттикнувач на имунитетот се капките среќа. Оние кои никаде не се купуваат, и кај секого индивидуално се “дозираат”, и по состав и по јачина, па и по количина. Мора секој сам да си ги подготви и да си ги консумира редовно, секој ден. Тогаш, кога свесно и со верба секојдневно сам(а) ќе си капнуваш по неколку капки среќа во кафето кое наутро си го подготвуваш, во фустанот кој подоцна го облекуваш, во храната која ја јадеш и во музиката која патем ти ќе си ја одбереш, тогаш ќе сфатиш дека тагата е поразена, имунитетот се враќа и нема сила која може да ги уништи капките среќа, кои делуваат само ако ти им дозволиш.“
Фото: Фејсбук/ Сузана Турунџиева
Фото: Фејсбук/ Сузана Турунџиева
Фото: Фејсбук/ Сузана Турунџиева
Фото: Фејсбук/ Сузана Турунџиева
Фото: Фејсбук/ Сузана Турунџиева
Фото: Фејсбук/ Сузана Турунџиева
Фото: Фејсбук/ Сузана Турунџиева
Фото: Фејсбук/ Сузана Турунџиева
Фото: Фејсбук/ Сузана Турунџиева
Фото: Фејсбук/ Сузана Турунџиева
Фото: Фејсбук/ Сузана Турунџиева