Сузана Спасовска сподели преубава вест – добива честитки од сите страни, ова е посебен ден за неа
Познатата пејачка денес слави роденден и именден
Познатата пејачка на македонска народна музика, Сузана Спасовска, денес има голема причина за славење.
Имено, на Сузана денес и е именден, но и роденден, па нашата позната пејачка објави фотографија на која е во црква.
„И дојде тој ден, 24 Август, мојот именден и роденден! Нека си се множат годините! Нека е за многу години денешниот ден, Св.Сузана!“ напиша познатата пејачка под фотографијата што ја објави на Фејсбук.
Фото: Фејсбук/ Сузана Спасовска
Таа едноставно блескаше во ова свое издание, а многумина и честитаа среќен роденден и именден во коментарите.
Фото: Фејсбук/ Сузана Спасовска
Од фотографијата може да видиме дека и покрај годините, таа е во одлична форма и изгледа прекрасно.
Таа македонската песна ја негува уште од 80-тите години на минатиот век и досега има оставено бројни хитови зад себе.
Како пејачката изгледала некогаш, на почетокот од својата кариера, погледнете во продолжение:
Фото: Фејсбук/ Сузана Спасовска
Најголемата радост на Сузана
Инаку, Сузана пред три години стана баба, кога нејзината ќерка Теона ја роди Клара, со која пејачката ужива да го минува времето.
Фото: Фејсбук/ Сузана Спасовска
Како што самата пејачка вели, малата Клара е нејзиниот најголем фан, а кога ќе ја види на свој концерт добива неопислива енергија.
Фото: Фејсбук/ Сузана Спасовска
Пејачката ова лето работи со полна пареа, а покрај своите бројни ангажмани таа ова лето настапува и како дел од проектот „Македонијо во срце те носиме“ заедно со останати свои колеги и „Продукција Скендеровски“ која што сти зад овој проект.