Сузана Спасовска на верниците им ја честиташе Мала Богородица со видео што ќе ве наежи (видео)
„Ти благодарам Мајко Божја за сета благодат“ напиша познатата фолк-пејачка на социјалните мрежи
Вчера беше еден од најголемите Православни празници, Рождество на Пресвета Богородица во народот познат и како Мала Богородица.
По тој повод познатата фолк-пејачка Сузана Спасовска се огласи и преку социјалните мреѓи им го честиташе празникот на верниците.
Таа објави и неколку фотографии на кои е со своите колеги, појаснувајќи дека албумот од овие нејзини активности е направен во исчекување на проектот Православни црковни химни и песно пеења „Терирем“ каде меѓу другите е и творбата „Света Дево Владичице“ која е една од омилените во целата православна екумена.
Фото: Фејсбук/ Сузана Спасовска
Пејачката објави и кратко видео, а како звучи, послушајте на крајот од оваа посебна галерија:
„За многу години да е еден од најголемите Православни празници – Рождество на Пресвета Богородица (Мала Богородица).
Фото: Фејсбук/ Сузана Спасовска
Ти благодарам Мајко Божја за сета благодат.
Фото: Фејсбук/ Сузана Спасовска
Во исчекување на проектот со Православни црковни химни и песнопеења “Терирем”, каде меѓу другите е и творбата “Света Дево Владичице (омилена во целата православна екумена), ви подарувам еден мал албум од нашите активности. Слава му на Бога, за леснотијата во работата и благодарност за уметничката консултација и вокал на почитуваниот Протопсалт м-р Георгиј Секулоски, исократите Бранче Трајкоски и Александар Трајкоски, продуцентот Љупчо Соколовски итн…“, напиша Сузе во описот на својата објава на Фејсбук.