Реклама
Наши ѕвезди

Сузана Гавазова рамо до рамо со светските ѕвезди – пејачката се спореди со Џенифер Лопез и Ники Минаж

Реклама

Сузана Гавазова е дифинитно една од најзгодните и ајубавите пејачки на македонската музичка сцена.

ФОТО: Сузана Гавазова / Инстаграм

Ретко која пејачка во Македонија. може да се пофали со тело како нејзиното.

Но, тоа не е случајно, туку за таква линија се потребни часови и часови поминати во теретана. Освен што плени со војата несекојдневна боја на глас, таа воодушевува и со својата става. Пејачката започна професионално да се занимава со музика уште од многу млада, а популарност стекна и надвор од Македонија.

Маркетинг
ФОТО: Сузана Гавазова / Инстаграм

Иако е мајка на две девојчиња, на нејзиниот изглед може да позавидат многу млади девојки. Гавазова секогаш се труди да е во чекор со времето и модните трендови, а токму нејзиниот труд во сите сфери, допринесуваат таа да е една од најпопуларните пејачки во земјава и Балканот.

ФОТО: Сузана Гавазова / Инстаграм

Долги години Гавазова е во брак со сопругот Јасмин Курузовиќ. Да потсетиме, Гавазова и нејзиниот сопруг Јасмин во брачните води запловија пред шест години, кога направија и раскошна свадба за роднините и пријателите, а пред неколку години решија да се вратат да живеат во Македонија за таа да може да ја продолжи својата кариера.

Маркетинг
ФОТО: Сузана Гавазова / Инстаграм

Нивната љубов ја надополнуваат и нивните две ќерки, Емили и Селена. Пред да се вратат во Македонија, Сузана и Јасмин живееја во Шведска. Но, по неколку години живот во оваа земја, Сузе и Јасмин одлучија да се вратат во Македонија.

ФОТО: Сузана Гавазова / Инстаграм

Гавазова која има свој стан во родната Струмица, но откако се врати во Македонија реши дека со семејството треба да живее во Скопје. Нејзиниот сопруг, кој по потекло е од Босна, се грижи за нејзината кариера. Пејачката во сѐ што прави одлично се снаоѓа и е успешна. Освен неприкосновениот глас, таа е талентирана и за танцување, па со самото тоа може да застане и рамо до рамо со светските ѕвезди.

ФОТО: Сузана Гавазова / Инстаграм

Покрај тоа одлично се снаоѓа и на социјалните мрежи каде е доста активна и често споделува и фотографии од приватноста и нејзиното семејство.

Фановите на фолк-пејачката имаат можност да видат фотографии од нејзините ќерки, кои дефинитивно ја наследиле убавината на мајка си.

Емили и Селена ги дели само една година разлика, а уште од мали години и двете се изложени пред очите на јавноста.

Поради пандемијата коронавирус многумина од нас имаат повеќе слободно време кое го користат секако да го поминат со семејството.

Гавазова може да се пофали со големо семејство, па и малите прослави кај нив сепак значат многу гости. По повод својот роденден, Гавазова си направи атмосфера за паметење во домашна атмосфера. Роденденот секако го прослави со родителите, својата сестра, сопругот и ќерките.

Таа направи неколку фотографии на Инстаграм за да го овековечи моментот за спомен.

Пејачката често објавува фотографии на кои е средена од глава до пети за кои добива само комплименти.
Овој пат одлучи да ги изненади фановите и објави фотографија во издание какво ретко имаме можност да ја видиме.

Имено, пејачката во кусите приказни на „Инстаграм“ објави фотографија на која позира без грам шминка.
„Добро утро“, напиша свежо разбудената пејачка.

Мора да се признае дека и природно Сузе изгледа одлично.

Српската пејачка Јелена Карлеуша, која често е објавувана и во светските медиуми, а која по сѐ изгледа служи за инспирација на многу светски ѕвезди кога станува збор за облекување, ги инспирираше и останатите пејачи да се споредуваат со светските ѕвезди.

ФОТО: Сузана Гавазова / Инстаграм

И нашата Сузе не остана имуна, па прво се спореди со латино дивата Џенифер Лопез односно пејачката најде фотографии од себе и Џеј Ло на која се облечени во иста модна комбинација, па своите следбеници ги запраша на која подобро ѝ прилега.

Но, Сузе не запре овде, па деновиве повторно направи споредба, овој пат со хип хоп изведувачката Ники Минаж.
Гавазова сподели фотографија од 2018 година на која е облечена во бела маица и корсет, а до својата фотографија додаде и фотографија од Ники Минаж која е облечена во сличен стајлинг како и неа.

„Ники или јас“, запраша Гавазова во опис на фотографијата.

ФОТО: Сузана Гавазова / Инстаграм
ФОТО: Сузана Гавазова / Инстаграм
ФОТО: Сузана Гавазова / Инстаграм
ФОТО: Сузана Гавазова / Инстаграм
ФОТО: Сузана Гавазова / Инстаграм
ФОТО: Сузана Гавазова / Инстаграм
ФОТО: Сузана Гавазова / Инстаграм
ФОТО: Сузана Гавазова / Инстаграм

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button