Реклама
Интервју

Сузана Гавазова: „Мајчинството ме направи подобар човек. Покрај мојот сопруг се чувствувам сигурно, безбедно и сакано“

Реклама

Сузана Гавазова важи за една од нашите најпопуларни и најангажирани македонски пејачки на естрадата.

Познатата пејачка со својата појава привлекува внимание каде и да се појави.

Маркетинг

Со тело од милион долари, секогаш стокмена од глава до пети, весела и расположена, со нејзиниот егзотичен изглед никого не остава рамнодушен.

Таа важи за една од најатрактивните пејачки на нашата сцена, а покрај гласот и стасот има уште еден заштитен знак – а тоа е танцувањето.

Маркетинг

Шармантната струмичанка Сузана Гавазова прв пат на сцената се појави пред две и пол децении, но и денес изгледа речиси потполно идентично како и тогаш, иако во меѓувреме се омажи и стана мајка на две прекрасни ќерки.

За кариерата, љубовта кон музиката и убавата македонска песна, за бракот и семејството и сите новости кај неа  – разговараме во најновото интервју за Гламур Магазин.

Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова

Сузе, Ви благодариме што ја прифативте нашата покана за ова интервју. За почетокот како сте?

За почеток, добра сум, фала на Бога!

Повеќе од две и пол децении сте дел од македонската естрадна сцена. Какви се Вашите почетоци и замислувавте ли дека денес ќе бидете една од најпопуларните пејачки?

Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова

Моите почетоци се многу одамна, но добро се сеќавам на се’, како се одвиваа тогаш работите и што сум размислувала. Како мала многу си фантазирав и моите фантазии се остварија.

Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова

Каков беше Вашиот пат и кои беа најчестите предизвици со кои се соочувавте од самите почетоци се’ досега?

Мојот пат беше чист, затоа што се движев претпазливо, полека но сигурно.

Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова

Важите за една од најзгодните пејачки на нашата музичка сцена и постојано ја одржувате  својата форма. Која е тајната за таквиот изглед?

Ви благодарам на комплиментот. Тајни нема. Денес секој знае што треба за добар изглед. Треба спорт, здрава исхрана, без стрес и нервози.

Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова

Честопати можеме да Ве видиме и во теретана. Колку вежбањето Ви помага за одржување на линијата и колку сте редовна на тренинг?

Откако знам за себе сум активна на тоа поле и така се одржувам. Најчесто пешачам во планина и правам основни вежби.

Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова

Од кого учеше Сузана Гавазова и кој беше Вашиот најголем идол?

Човек учи додека е жив. Учев од сите по малку, учам и ден денес.

Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова

Што ја одбележа Вашата кариера во годините наназад па се’ досега?

Мојата кариера ја одбележа мојата љубов кон музиката, почитта, љубовта и одговорноста кон моите фанови.

Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова

Велат дека секој музичар има песна која му е посебна и која ќе ја издвојува секогаш? Имате ли Вие таква песна во кариерата досега?

Ги сакам сите мои песни но мислам дека песната Бум бум ќе ме издвојува секогаш.

Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова

Во брак сте со господинот Јасмин Курузовиќ, а круна на Вашата љубов се вашите две ќеркички Емили и Селена. Колку Ве промени бракот и конкретно мајчинството како жена?

Бракот е света работа. Се’ што е од Бога е нешто најдобро за човек.

Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова

Колку сопругот Ви е поддршка и ја разбира Вашата професија?

Се чувствувам сигурно, безбедно, сакано. Имам максимална поддршка од мојот сопруг и потполно ја разбира мојата работа.

Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова

Периодот наназад објавивте дека Вашите ќерки веќе почнале да настапуваат на музички фестивали.

Ќе Ве наследат ли ќеркичките во делот на музиката?

Моите ќерки покажуваат интерес кон музиката и добро се чувствуваат на сцена. Тоа им е дадено од Бога иако се’ уште тие не се свесни за тоа.

Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова

Неодамна, го прославивте Вашиот роденден. Велат дека жената не се прашува за години, па јас ќе Ве прашам дали се чусвтвувате реализирано и исполнето за сиве овие години наназад?

Годините не ги кријам, едноставно сум горда на моите 43 години.

Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова

Мајчинството, работата, децата, сопругот и домот – колку за една жена е предизвик да се носи со сите обврски кои и’ ги носи секојдневието?

Мајчинството многу ме промени, ме направи подобар човек. Како мајка сум многу посилна, поодговорна, поемотивна, комплетно подобра од се’ што бев пред тоа.

Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова

Голем е предизивкот една жена да се носи со сите обврски кои ги носи секојдневието, но со добра организација се’ може да се реализира.

Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова

Колку Ви помага сопругот? Важи ли за посветен и грижлив татко?

Мојот сопруг многу ми помага околу домашните обврски. Тој е грижлив и добар и едноставно сум среќна што токму тој е татко на моите деца.

Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова

Што ја прави Гавазова среќна?

Јас сум најсреќна кога моите деца се среќни и кога се смеат. Исто така среќна сум и на сцена, кога ги гледам луѓето како се веселат на мотие песни.

Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова

Кога ќе го слушнеме најновиот хит од Сузана Гавазова?

Нов хит се надевам што побрзо.Иако е тешко да се погоди хит,  но ќе се потрудам.

Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова

Што е следно на Вашата агенда?

Следна е турнејата низ Австралија.

Автор: Викторија Петровска

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button