Сузана Гавазова во уште едно фaтaлнo издание со кое ги „запали“ СОЦИЈАЛНИТЕ мрежи – се пофали и со бакшишот што го доби!

Пејачката се уште добива комплименти за ова свое издание

Сузана Гавазова ужива во љубовта со својот сопруг Јасмин Курузовиќ и на Инстаграм често ја покажуваат нивната љубов.
Тие деновиве имаа и посебна причина за славење – нивната ќерка Емили славеше роденден.
Инаку, парот моментално е на патување во Канада, каде фолкерката има закажано настапи пред нашата дијаспора.
Шармантната струмичанка од ова свое патување редовно објавува фотографии на Инстаграм, а во една пригода покажа и интересно издание со кое им го привлече вниманието на фановите.

Имено, пејачката беше облечена во црн комбинезон, составен од хеланки и горен дел зачинет со тантела, а целото издание го заокружи со бели крем чизми во стилот на мартинки.

Пејачката покажа дека изгледа мошне привлечно во ова издание, а нејзините фанови беа воодушевени од неа.





Пејачката потоа за настапот пред нашинците од дијаспората исто така избра мошне провокативно издание.






Таа за оваа пригода носеше тесен фустан во розова боја, а целото издание го заокружи со високи потпетици во беж нијанса. Таа објави и неколку снимки од уште еден настап, облечена во преубав бел фустан.





На снимките што ги објави во рамките на своите Инстаграм приказни може да се види и како гостите и даваат бакшиш, а како нашата позната фолк-пејачка изгледаше и во ова издание, погледнете во продолжение:
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
