Реклама
CelebrityНовости

Судбината така сакаше: Популарниот пејач налета на жена 25 години по нивното прво запознавање, сега уживаат во љубовта и заедничката среќа

Реклама

Пејачот Ненад Кнежевиќ Кнез во 2013 година стави точка на бракот со првата сопруга Нина кој траеше 17 години, а како што тогаш откри, причина е долгогодишното несогласување на карактери.

– Сакам однапред да спречам било какви нагаѓања и прозволни толкувања. Морам, исто така да изразам жалење, да кажам дека разводот беше последица на долгогодишно несогласување на карактерите, како и ништо што симболично можам да го преточам во синтагмата – ние двајцата почнавме за истите работи за мислиме непоправливо поинаки, односно различноста на нашите концепти и променетиот систем на вредности, станаа кочница и реметирачки фактор во нашето идно заедничко живеење, раскажа тој своевремено.

Маркетинг

https://www.instagram.com/p/B9QCU7fphx3/?utm_source=ig_embed

Меѓутоа, по распадот на бракот пронајде „нова љубов“. Се запознале пред повеќе од 25 години на еден настап на Кнез во Париз, во кој Татјана, родум од Параќин, живеела и работела дури 35 години. Тогаш немало поволни околности за да започе нивната романса, па секој продолжил по својот пат.

Маркетинг

https://www.instagram.com/p/B_fjn6RpBxJ/

Судбината одреди тие двајца да не се видат наредните 20 години, двајцата продолжиле со својот живот и добиле по 2 ќерки. Меѓутоа, пред неколку години, во мај, бил момент конечно тие двајца да ја спознаат заедничката среќа.

– Се видовме во Параќин, му пријдов на Ненад и го прашав дали се сеќава на мене. Му реков дека се запознавме во Париз пред 20 години и дека му открив дека таму ме викаат Тина, а тој ми одговори дека токму прави песна која се вика „Тина бамбина“. Бев малку замислен, но одговори дека се сеќава на тој момент“, рече Татјана, а Кнез потврдува дека навистина било така.

– Се сетив, секако, пресудно беше тоа „Тина“, а и концертната сала во која се запознавме е незаборавна. Имам фотографско паметење. Тогаш беше исклучително згодна, како и денеска, се смее Ненад.

После тоа почнала нивната романса, а и денеска уживаат во хармонична врска.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button