Реклама
Вирално

Стpaшно невреме доаѓа на Балканот, во Србија куќите yништени, кравите повpeдени. Еве што не предупредуваат метеоролозите

Реклама

Невремето што го зафати Сјеница ги уништи куќата и дворот во домаќинството на Вујадин Ракоњац од селото Багашиште

Немаме каде да спиеме вечерва, се ни е уништено. Покривот на куќата е уништен, шталата срушена, моите крави беа повредени, претепани – раскажува за Информаторот Вујадин Ракоњац од селото Багашиќи во Сјеница.

Маркетинг

Тој вели дека градот паѓал најмалку половина час и за тоа време се обидел да ги спаси добитокот што бил на пасиштето.

Паѓаше најмалку половина час. Бевме пpeтeпaни, како некој да ме тепаше. Големината на градот е како јајце од кокошка – вели Вујадин и додава дека градот толку бил голем што потполно ги уништил и неговите пчели.

Вакво невреме не памтат ни луѓето стари до 90 години, да има толку голем град со големина на дланка. За половина час беше уништено се, нема куќа во селото на која кровот не и е уништен. Покрај куќите уништени се и шталите, амбарите, млекарите, изјави за „Блиц“, Велизар Заграџанин, жител на селото Богути во близина на Сјеница.

Фото: Информер
Фото: Информер
Фото: Информер
Фото: Информер

Времето во Македонија

Што се однесува до времето во Македонија, од УХМР јавуваат дека во текот на денешниот ден ќе биде променливо облачно и топло, претпладне со повеќе сончеви периоди. Во попладневните и вечерните часови на повеќе места ќе има појава на пороен дожд, со грмотевици и засилен ветер, а ќе има услови и за појава на невреме проследено со град.

Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, кој кон крајот на денот вдолж Повардарието ќе се промени во северен.

Фото: УХМР

Предупредување

Од УХМР предупредуваат дека денес се уште ќе биде натпросечно топло (со дневни температури околу 30 степени), додека во попладневните и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има услови и за невреме со појава на град.

Во Скопје и околината особено доцна попладне и навечер ќе има услови за локална појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град.

Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец и истиот повремено ќе засилува, максималната дневна температура ќе се искачи до околу 29 степени.

Фото: УХМР

Утре, на 21 мај, ќе настапи значително заладување и ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува силен северен ветер.

Од петок до недела времето ќе биде стабилно со умерен северен ветер и со пријатни дневни температури.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button