Студот не ѝ може ништо – Македонка со секира го искрши мразот на езеро под Пелистер и влезе да се капе
Познатата Македонка која се капе во студени води, повторно ги шокираше своите следбеници.
Не е важно кое годишно време е, секогаш кога ќе види вода за Бетика е нова можност за капење.
Бети Котовчевска, која по потекло е од Ресен практикува капење во студени води по примерот на Вин Хоф, а нејзин личен рекорд е капење во студена вода на -33 степени Целзиусови, во Лапонија.
ФОТО: Инстаграм / Бетика Котовчевска
Бети е вљубеник во природата и обожава да истражува недопрени убавини, особено во нашата земја.
Многупати има истакнато дека Македонија изобилува со езера и водопади во кои може да се практикува капење во студена вода.
ФОТО: Инстаграм / Бетика Котовчевска
Активна е на социјалните мрежи, каде споделува моменти од нејзиното секојдневие и е вистинска инспирација за сите кои сакаат да започнат со оваа практика.
Зимата е идеална за неа и водите се уште постудени, а за неа е нова можност да собори нов рекорд.
ФОТО: Инстаграм / Бетика Котовчевска
Овој пат Бетика се капеше во водите на Ротинското езеро, под Пелистер.
Езерото беше целосно замрзнато, па убавата Македонка го кршеше со мраз и направи простор доволно за да ја примени својата практика.
ФОТО: Инстаграм / Бетика Котовчевска
Видео од капењето во студената вода таа сподели на социјалните мрежи.
„За првпат во Македонија искусувам вода од 1 степен Целзиусов“, напиша Бетика во опи на видеото.