Вести

СТУДЕН БРАН ДОАЃА КОН МАКЕДОНИЈА – Се очекува снег во овие градови!

Advertisement

Нови врнежи од локален карактер очекуваме утре попладне и во вечерните часови, потоа нов голем бран на врнежи од запад кај нас ќе пристигне во петок попладне и навечер, а особено во текот на ноќта кон сабота и во сабота претпладне. Овој бран ќе донесе ново големо количество на воден талог (локално над 35 л/м2).

Овој пат со приливот на значително постуден воздушен бран од север на планините и на Скијачките центри ќе има врнежи од снег и ќе се формира првата позначителна снежна покривка (од 10 до 20 сантиметри снег, понекаде и повеќе).

Advertisement

Утрешниот ден среда ни носи промена на временската состојба кај нас и тоа во попладневните и во вечерните часови кога се очекуваат нови врнежи од дожд, но од локален карактер, додека провејување на снег ќе има само на највисоките планини.

Најпрвин ќе дува умерен до засилен ветер од западен и од југозападен, а потоа од северен и од северозападен правец.

Појава на дожд ќе има и во делови од Скопскиот регион и котлината, и сето тоа ќе биде проследено со умерен до засилен ветер од северен правец.

Четврток ни носи краткотрајна стабилизација на времето кај нас.

Под влијание на циклонска активност од запад, и истата ќе биде поврзана со продор на студен воздух од север се очекува во петок попладне и навечер, а особено во текот на ноќта кон сабота и во сабота.

Тогаш ќе има обилни врнежи од дожд, локално проследени со грмежи (локално ќе наврнат нови над 35 л/м2 воден талог).

Со приливот на студен воздух од север, врнежите од дожд на планините ќе преминуваат во врнежи од снег и ќе се формира снежна покривка.

Во сабота снежната граница ќе се спушти дури и под 1000 метри, па така локално провејување на снег за прв пат во оваа сезона ќе има и на некои повисоки градови.

Ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен и од северозападен правец (повремено и локално со брзина до 90 км/час).

Од недела и во почетокот на следната седмица на повеќе места ќе има појава на мраз, што значи температурите ќе се спуштат под нулата. Максималните дневни температури за време на викендот значително ќе се намалат и тие ќе се искачуваат во интервалот само од 4 до 12 степени.

Целиот регион за време на викендот ќе биде под влијание на овој студен бран од север, па така на планините ќе дојде до формирање на првата позначителна снежна покривка (понекаде и за над 20 сантиметри), ова ваши и за Македонија.

Најмногу снег ќе падне во планинските места во соседна Бугарија (над 50 сантиметри), објави Славчо Попоски

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button