Реклама
Новости

Студент починал откако изел тестенини кои биле стари пет дена

Реклама

Младиот студент АЈ почина откако јадел пет дена стари тестенини. Случајот се случи во 2008 година, а повторно е во центарот на внимание на YouTube Chubby, откако US Journal of Clinical Microbiology дојде до приказната.

20-годишното  момче нарачало шпагети, а потоа, по два дена, ги оставил во кујната. Неговиот цимер ги ставил тестенините во фрижидерот, каде што стоеле уште три дена, опишано е во видеото кое за само неколку дена го заобиколи светот и досега го имаат видено повеќе од два милиони луѓе.

Маркетинг

Студнетот заборавил дека тоа се шпагетите од пред 5 дена и си ги загреал во микробранова. Откако ги изел почнал да се чувствува лошо, почувствува гадење, главоболка и абдоминална болка. За неколку часа почнал да повраќа.

Маркетинг

Тој заклучил дека станува збор за труење на стомакот и пиел многу вода, земал апче за болки во желудникот и заспал, велат во видеото. Тој се разбудил во пот и повторно повраќал, по што неговиот цимер повикал брза помош. Пред да пристигне брзата помош, АЈ се онесвестил. Починал во болницата.

 

Посмртно е откриено дека неговата смрт била предизвикана од „Bacillus cereus“ и откриено е дека лекот кој  AJ го испил  го оштетил црниот дроб, кој веќе откажал поради бактерија која се развила во телото.

Лекарот кој се појавува на снимката од овој настан тврди дека таквите случаи се многу ретки. „Многу е важно да се забележи дека ова не е типичен случај на труење со храна. Многу луѓе јадат тестенини или било која друга форма на тестенини, што се стари, а немат никаков проблем. Но, пазете се од храна која била надвор од ладилникот неколку часа. Ако храната мириса чудно, секогаш е подобро да се биде внимателен отколку да зажалите “, заклучува тој.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button