Студентката по медицина од Македонија растури во популарното шоу – има ли шанси за победа?
Таа влезе во полуфиналето и важи за една од најдобрите пејачки во шоуто
Во последната емисија од „Ѕвездите на Гранд“ беше напнато до самиот крај, а од сите кандидати кои што досега се покажаа како најдобри во вчерашната емисија само 12 од нив поминаа во полуфиналето.
Една од осумте натпреварувачи кои успеаја од четвртфиналето директно да се пласираат во следниот круг, беше и Македонката Славица Ангелова.
Таа настапи во дуел со Дарко Ѓорѓески кој исто така е од Македонија што беше посебно интересно за публиката.
Дарко кој живее во Грац, Австрија, и е од тимот на Светлана Цеца Ражнатовиќ, настапи со песната „Лутка“, додека убавата струмичанка ја избра песната „Нека те боли“ која што ја пееше на македонски јазик.
Потоа и двајцата избраа песни со малку побрз ритам, а привлекоа внимание и со нивниот интересен стајлинг.
По настапот прв со коментар се јави композиторот Александар Милиќ Мили кој ја пофали Славица, а потоа на неговите зборови се надоврза и неговата колешка Марија Шерифовиќ која исто така имаше само пофални зборови за Ангелова, но не и за шармантниот пејач од Македонија.
„Дарко, мислам дека погреши во изборот на песните, овој пат по кој вечерва чекореше не беше добар“, изјави Марија.
Од друга страна пејачката Снежана Ѓуришиќ која беше воодушевена од стајлингот и изведбата на Славица, сметаше дека Дарко не треба да испадне, иако неговата колешка беше многу подобра од него.
Менторот на Славица, Ѓорѓе Давид, не го криеше задоволството што неговата кандидатка директно се пласираше во полуфиналето, но истовремено призна и дека кога тој би требало да гласа, би му дал шанса и на Ѓорѓески.
Инаку, Славица уште со својот прв настап во ова шоу ги освои симпатиите на сите, а во една од претходните сезони нејзиниот ментор и порача дека е пејачка каква што се раѓа еднаш во 40 години.
Таа е студентка на медицински факултет, но нејзиниот пејачки талент и ги отвора вратите за сериозна музичка кариера.
Славица претходно се натпреваруваше и во шоуто „Некои нови клинци“, како и во бугарскиот „The Voice“, но учеството во „Ѕвездите на Гранд“ каде што успеа да стигне до самото финале е полн погодок за неа.
Нејзиниот ментор уште по првиот нејзин настап порача дека од босанската пејачка Џејла Рамовиќ досега не се појавил некој што со својот тален олку го изненадил и воодушевил.
Славица покрај својот глас, за секој свој настап внимаваше и на својот изглед, а нејзините комбинации секогаш беа одлични.
Таа беше и овој пат кога успеа да се пласира во полуфиналето, но и во секое нејзино претходно појавување на сцената.
Како Славица изгледаше и во своите претходни настапи, кога исто така блескаше на сцената, погледнете во продолжение.
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова
Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова
Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова
Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова
Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова