Новости

Страшно невреме во Кавадарци (ФОТО/ВИДЕО)

Поројните дождови предизвикаа поплави во подрумските простории на станбени, но и деловни простории

Advertisement

Силно невреме со пороен дожд и грмежи вчера го зафати и регионот на Кавадарци. Страшни видео снимки се споделуваат по социјалните мрежи од поројните дождови кои предизвикаа поплави во подрумските простории на станбени, но и деловни простории.

фото/Фејсбук

Врнежите предизвикаа и проблеми во сообраќајот поради тоа што беа поплавени дел од сообраќајниците.

Advertisement

Поплавени се 10 објекти, најмногу подруми по синоќешните врнежи на територија на општина Кавадарци.
– Од синоќа се излезени екипи на ЈП „Комуналец” со механизација од три скипови, два камиона, три трактори и 20 работници. Се расчистува наносот, наталожените решетки и сливници и со три цистерни се перат улиците од калта. Исто со свои екипи учествуваат и ТППЕ Кавадарци, кои помагаат во перењето на улиците и испумпувањето на водата од поплавените простории, изјавија за МИА од јавното претпријатие „Комуналец“.

Се огаси и градоначалникот, Митко Јанчев. Тој сподели видео на фејсбук и на објавата запиша:

– Службите на Ј.П. Комуналец Кавадарци и покрај интензивното невреме од дожд кое го зафати Кавадарци, работат на чистење на патот во Катуниште, Бошавијата, Моклиште, Глишиќ и многу други локации во Тиквешијата на кои постои опасност од одрони.
Се замолуваат граѓаните да бидат внимателни.

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button