Реклама
Вирално

Страшни информации во врска со убиството на Вања испливуваат на површина – обвинителството упати важен апел до јавноста!

Таткото осомничен дека е вмешан во убиството на Вања (14), а еден од киднаперите наводно тоа го направил затоа што му требале пари за свадба?!

Реклама

И медиумите од регионот се интересираат за случајот со грозоморното убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес.

Како што пренесуваат нашите, но и регионалните медиуми, еден од осомничените за убиството на Вања Ѓорчевска, наводно во затворот во Шутка пред дел од останатите затвореници кажал дека делото го направил затоа што му требале пари за свадба.

Оваа вест ја објави дури и хрватскиот „Дневник“.

Маркетинг

Станува збор за лицето В. М., осомничениот кој додека го носеа кон кривичниот суд на прашањето од новинарите дали ја убил Вања, одговори негативно, но не и дали е вмешан во случајот.

Оваа вест првично ја објави порталот ММС, според информации добиени од нивни извори од затворот во Шутка.

Маркетинг

Претходно беше објавено дека осомничените поминуваат низ пекол во затворот иако се во посебни ќелии и немаат допир со останатите притвореници и затвореници.

Но секогаш кога ги изнесуваат од ќелијата дали за да ги носат во кривичниот суд на испрашување или на прошетка, останатите им викале преку прозорците, удирале со чинии и им се заканувале.

Фото: Фејсбук

На прашањето како можеле да убијат едно дете и зошто го направиле тоа еден од осомничените наводно одговорил:

„Ми требаа пари за свадба“, пренесува ММС.

Оваа вест како и останатите во врска со тоа како затворениците го минуваат времето во притворот, МРВ ниту ги потврди, ниту пак ги демантираше. Министерот Оливер Спасовски само на новинарско прашање дали е точно дека инспектор давал информации за истрагата на познаници и пријатели низ Скопје, посочи дека доколку тоа е точно, ќе има одговорност.

Но тој исто така посочи и дека се изнаслушал шпекулации во овој период, но и политиканства и сé она што произлегува од овој аспект.

Од друга страна имаше и апел од државното обвинителство до јавноста да не се шират непроверени информации во текот на истрагата, бидејќи тоа може да и наштети на постапката и непотребно да ја вознемирува јавноста. Тие со ова соопштение излегоа денес соопштувајќи дека извештајот за обдукцијата се уше не е завршен и доставен до обвинителството.

Потсетуваме, 14-годишната Вања беше грабната од влезот во својата зграда на 27 ноември, кога тргна на училиште.

Фото: Гугл мап

Таа беше однесена во подрумот од зградата каде беше врзана и ставена во вреќа за спиење, а потоа однесена во автомобилот марка „цитроен“ кој претходно осомничените го одземале од Панче Ж. од Велес чие тело беше пронајдено истиот ден кога и телото на оваа млада девојка.

Откако исчезна нејзината мајка за брзо време пријави во полиција, а по некое време објави и апел на социјалните мрежи.

Нејзиниот апел почна брзо да се шири на социјалните мрежи и за кратко време медиумите од целиот регион објавија вест за девојчето.

Фото: Фејсбук

Но по седум дена, МВР излезе со информација дека Вања е почината и дека се уапсени неколкумина осомничени.

Како што соопштија од МВР, овие лица им откриле каде се закопани телата на жртвите, а тие го посочиле и таткото на Вања, Александар, како лице кое на првоосомничениот му давал информации за својата ќерка.

Станува збор за Љупчо Палевски Палчо, што од осомничените беше посочен како извршител и организатор на ова злосторство.

Фото: МВР

Сите беа во шок кога се дознаа овие информации, посебно што станува збор за лице кое е добро познато во јавноста.

Палчо избега од Македонија на 30 ноември, но на 5 декември беше уапсен во Турција и се чека негова екстрадиција.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button