Познатиот музичар од Косово, инаку со албанско потекло, Хусни Кестај, попознат како диџеј Стајл Кју, загина во страшна сообраќајна несреќа. Со него во автомобилот била и манекенката Ана Крајевска, која починала на лице место.
Несреќата се случила на патот Торино – Аоста, кога Ферарито со кое се возеле удрило во заштитна ограда.
За жал, брзата реакција на полицијата, брзата помош и пожарникарите не била доволна да им го спасат животот, бидејќи од силината на ударот автомобилот бил „згужван“.
View this post on InstagramМаркетинг
Несреќата се случила на 1 април, а оваа тажна вест брзо се прошири, шокирајќи ја јавноста и нивните многубројни обожаватели ширум светот.
Инаку, Куштај зад себе ја оставил поранешната сопруга со која имал две деца, која живее во Косово. Ана Крајевска, млада манекенка, беше позната по својата убавина и талент. Нејзината трагична смрт остави празнина во светот на манекенството.
На нивните официјални профили на Инстаграм, потресни пораки од пријателите и семејството, како и од обожавателите, уништени од болката, се простија од младиот пар, изразувајќи неизмерна тага за страшната загуба.
– „Толку млади, реално ли е ова што се случува“, „Почивајте во мир ангели наши, ве сакаме засекогаш“, „Ова не е реално, не се случува, не сакам да верувам…“ , „Господ го зема најдоброто“, „Каква страшна вест, не ми се верува дека се случи ова, каква тага“ – ова се само дел од коментарите под нивните фотографии.