Поранешниот светски шампион во скок со стап, Канаѓанецот Шон Барбер почина на 29-годишна возраст по тешко боледување.
Advertisement
Тој почина во средата во својот дом во Кингвуд, Тексас, изјави неговиот менаџер Пол Дојл.
– Повеќе од неверојатен спортист, Шон беше човек со љубезно срце кој секогаш ги ставаше другите пред себе. Трагично е да се изгуби толку добар и млад човек – изјави Дојл.
Тој беше успешен на сите натпревари на универзитетот. Првото злато го освои во 2015 година на Светското првенство во Пекинг со скок од 5,90 метри.
Една година подоцна, тој успеа да стигне до финалето на Олимписките игри што се одржаа во Рио де Жанеиро.
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .