„Стравот е се поголем“: Антониа исплашена од тоа што ја чека – уште малку ѝ остана
После долго време македонската пејачка се огласи на Инстаграм и ги информираше фановите за своите планови.
Антониа ситно брои до породувањето, па призна дека малку е исплашена од она што ја чека.
Малото и слатко девојче порасна во убава и зрела девојка, која веќе го очекува своето прво дете.
Антониа Гиговска ја освои публиката уште веднаш штом се појави, а голема популарност стекна со учеството во музичкото шоу Пинкови ѕвездички.
Иако е релативно млада, може да се пофали дека на свои 22 години има кариера каква посакуваат многу пејачи кои подолго од неа се на сцената.
Доста е активна и на социјалните мрежи, каде пон екогаш знае да сподели и детали за својот приватен живот.
Од пред извесно време е во брак со колегата Роберт Спасенцовски, со кој го очекуваат нивното прво дете.
Преку Инстаграм на публиката ѝ соопштија дека очекуваат син, а пејачката делува посреќно од било кога.
Настапите Антониа ги стави во мирување и извесно време се повлече и од социјалните мрежи.
Сепак, таа одлучи да се огласи на Инстаграм и да открие кои се нејзините планови.
„Знам дека не сум активна и можеби ми замерувате, но конечно се чувствувам спокојно. Ми требаше одмор и одморив убаво, е сега за кратко доаѓаат слатките маки, па вака насмеана се спремам за нив. Да бидам искрена како се близи крајот, така стравот е поголем, ама ние жените сме јаки, издржуваме се“! пишува Антониа во обраќањето до фановите на својот Инстаграм профил.
ФОТО: Инстаграм / Антониа Гиговска
ФОТО: Инстаграм / Антониа Гиговска
ФОТО: Инстаграм / Антониа Гиговска
ФОТО: Инстаграм / Антониа Гиговска
ФОТО: Инстаграм / Антониа Гиговска
ФОТО: Инстаграм / Антониа Гиговска
ФОТО: Инстаграм / Антониа Гиговска
ФОТО: Инстаграм / Антониа Гиговска
ФОТО: Инстаграм / Антониа Гиговска
ФОТО: Инстаграм / Антониа Гиговска
ФОТО: Инстаграм / Антониа Гиговска
ФОТО: Инстаграм / Антониа Гиговска
ФОТО: Инстаграм / Антониа Гиговска
ФОТО: Инстаграм / Антониа Гиговска