Наши ѕвезди

Стравовите ѝ станаа реалност: Преубавата новинарка призна, познатиот фудбалер ме зарази со коронавирусот

Advertisement

Ѕвездата на Јувентус Даниеле Ругани е еден од првите фудбалери кој официјално обелодени дека има коронавирус. Поради него целата екипа заврши во карантин, а недолго после тоа, италијанската влада донесе одлука за прекин на сите натпревари и првенства додека не се донесе друга одлука.

Ругани сега се лекува од корона, а уште некое време нема да може да ужива покрај својата згодна девојка Микела Периско. Таа инаку е новинаркаи ја води италијанската верзија на емисијата „Match of the Day”, па поради тоа е многу славна, а популарноста дополнително ја крена и фактот што е во врска со Ругани.

Advertisement

Микела во понеделникот вечер соопшти дека по тестирањето дознала дека и таа е заразена од вирусот КОВИД-19.

-Бев многу усплашена кога слушнав дека Даниеле е позитивен на вирусот, но во меѓувреме сите ние подобро се запознавме со оваа пандемија па сега, кога знам дека и јас сум заразена, многу помалку се грижам. Даниеле има блага температура, а јас сум заразена, но асимтоматична. Се чувствувам добро. Ова е уште еден сигнал за сите… Бидете внимателни зошто не мора да имате симптоми за да бидете заразени, а можете да ги заразите луѓето околу себе“, рече познатата новинарка.

Во Италија до денеска се заразени 27.890 лица, од кои 2.158 ја загубија битката со животот.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button