Стојне во фустан со деколте што не бара големи гради – гламурозно издание по кое се вртеа сите
Стојне во тесен мини фустан со кој го запали Инстаграм
Елегантно издание на познатата фолк пејачка
Нашата позната фолк-пејачка Стојне Николова на социјалните мрежи објави фотографија со која никого не остави рамнодушен.
Пејачката позираше додека седеше на столчето, а со кусиот фустан што го носеше во преден план го истакна своето убаво тело.
Стојне позираше во тесен фустан со кој ги истакна своите убави нозе, иако во фокусот беше провокативното деколте.
Фото: Инстаграм/ Стојне Николова
Креацијата во горниот дел се врзува како панделка, која заедно со отворот во овој дел го привлекува вниманието.
Во прашање е модел со тесен крој, со сукња која се закопчува со шнирање во предниот дел како корсет, но и кој се врзува околу вратот во голема панделка и на тој начин создава необично и провокативно, но истовремено и потполно суптилно деколте.
Фото: Инстаграм/ Стојне Николова
Грбот останува гол како и поголемиот дел од рамениците, а тесниот долен дел ја истакнува тенката половина на убавата пејачка.
Таа целото издание го „зачини“ со елегантни бели сандали со тенки ремени и пуштена коса која нежно паѓаше преку голите раменици.
„Многу си убаво, бре девојче“, „Изгледаш топ“, беа само некои од коментарите што Стојне ги доби под ова свое издание.
Фото: Инстаграм/ Стојне Николова
Инаку, ваквите фустани со „прорези“ (cut-out) доминираат веќе неколку сезони на модната сцена и се хит меѓу светските ѕвезди.
Фото: Инстаграм/ Стојне Николова
Отворите можат да бидат со најразлични големини и насекаде, а покрај фустаните овој тренд го зафати и сите останати модни парчиња.
Неколку интересни модели на ваков фустан, погледнете во продолжение…