Реклама
Наши ѕвезди

Стојанче ја гушна сопругата и направи селфи со кое ги ВООДУШЕВИ СИТЕ, па објави и една преубава вест

Тие имаат преубава причина за славење, честитки им пристигаат од сите страни

Реклама

„Ме нема мене, нема пожари“

Поранешниот генерал мајор и сегашен директор на ЦУК, Стојанче Ангелов, објави на својот Инстаграм фотографија од плажа.

На фотографија генералот е задно со неговата понежна половина, Јасминка Ангелова, а во коментарите Стојанче напиша:

Маркетинг

„Ме нема мене, нема пожари. До дождот ли е, до мене ли е? Да си останам со семејството уште еден ден на море, штом почне да гори јас сум веднаш горе. За саат и пол преку Регионот директ во Републиката“.

Маркетинг
Фото: ЦУК

„Плус, денес ни е годишнина од брак со љубовта на мојот живот Јасминка Ангелова. Двете наши деца, 14 и 15 годишни тинејџери не сакаат ниту да слушнат да објавам Фејсбук фото со нив“, пишува во објавата на Ангелов под следната фотографија со која ги воодушеви сите.

Инаку, Стојанче и Јасмина следната година ќе прослават 20 години брак од кој имаат две деца, тинејџери на 14 и 15 годишна возраст.

Покрај овие деца, тие имаат и по една ќерка од претходниот брак, Каролина и Ева, и двете сега на 25 годишна возраст.

Тие својата љубов не ја кријат и често објавуваат заеднички фотографии од кои можеме да видиме дека уживаат во заедничкиот живот.

Стојанче пред само неколку дена привлече внимание со уште една фотка, на која е со разголено торзо и ги воодушеви сите со своите мускули. Сепак, оваа фотографија и ваквиот чин преку кој Стојанче и ја честиташе годишнината ги воодушеви сите и привлече големо внимание.

Следуваа бројни коментари и честитки од страна на неговите пријатели, и сите се согласни дека изгледаат одлично.

Инаку, ова не е прв пат Стојанче на ваков начин јавно да ја покаже својата романтична страна и да ја изненади сопругата.

Тој во една пригода за нивната љубов ќе напише:

„Со 4 прекрасни деца, човек навистина има причина за радост. Радост но и голема одговорност. Бидејќи, семејството е света работа. Кога на одговорноста за семејството ќе ја додадам и борбата за Македонија… Македонија, со сите нејзини слабости, доблести и убавини… Навистина имам за што да живеам! Навистина имам за што да се борам! И ќе се борам! До крајот на животот! До смрт!!!“, напиша Ангелов пред десетина години.

Тој тогаш додаде дека пред точно 10 години и го украл срцето на неговиот ангел, Јасминка Ангелова.

Повеќе нивни заеднички фотографии погледнете во продолжение:

Фото: Фејсбук/ Стојанче Ангелов

Фото: Фејсбук/ Стојанче Ангелов

Фото: Фејсбук/ Стојанче Ангелов

Фото: Фејсбук/ Стојанче Ангелов

Фото: Фејсбук/ Стојанче Ангелов

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button